Полуфиналниот меч од шпанскиот Суперкуп, во кој Реал Мадрид успеа да го победи Атлетико Мадрид со резултат 2:1, беше обележан од инцидентот помеѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор.
Вербалниот конфликт меѓу тренерот на Атлетико и играчот на Реал продолжи и по завршувањето на натпреварот, а медиумите пренесуваат дека Симеоне му кажал на Винисиус дека „Перез ќе го продаде“.
Овој инцидент беше само дел од целата ситуација, бидејќи Симеоне во текот на мечот неколку пати се обидуваше да го испровоцира Винисиус.
Бразилецот не се воздржа и бурно реагираше и за време на натпреварот и по неговиот завршеток, а Чаби Алонсо од клупата го напаѓаше својот колега од Атлетико.
По мечот, Винисиус изрази дека никогаш не би дозволил такво однесување кон играч од противничкиот тим.
Во понеделник, долгогодишниот тренер на Атлетико испрати извинување.
„Сакам да се извинам на г-дин Флорентино Перез и г-дин Винисиус за сè што видовте на натпреварот од Суперкупот. Очигледно е дека моето однесување беше неподобно. Направив грешка“, изјави Симеоне.




