Делегација на Здружението на Македонците од Албанија, познато како „Зошто“, предводена од претседателот Панди Јани, денеска беше во Кичево, каде што имаше средба со градоначалникот Александар Јовановски. На средбата разменивме идеи и ставови за различни прашања, а потоа потпишавме Меморандум за соработка. Овој документ поставува основи за заеднички активности и иницијативи кои ќе придобијат на значење во унапредувањето на културната размена меѓу нашите заедници.




