Голем интерес: Гостиварци уживаа во кино под ѕвездите!

Голем интерес: Гостиварци уживаа во кино под ѕвездите!

Љубителите на филмската уметност во Гостивар синоќа имаа можност да уживаат во ретка проекција на отворено. Благодарение на соработката со Кино Балкан, во градскиот парк беше прикажана комедијата „Те дуа, жими мене“ – филм кој се вбројува меѓу најгледаните македонски остварувања. Овој филм не само што беше најгледаното домашно остварување во 2023 година, туку истовремено стана и најуспешниот филм во историјата на Синеплекс во Македонија.

Настанот привлече бројни граѓани,кои во пријатна атмосфера имаа можност да се потсетат на убавината на киното под ѕвездено небо – концепт кој сè повеќе се обновува во различни градови низ земјава.

Во меѓувреме, на културната сцена во Македонија актуелен е и претстојниот Охридски летен фестивал, кој оваа година собира учесници од различни делови на светот.Покрај музички настапи, фестивалот нуди и театарски претстави и изложби, а љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во богата културна програма.