Германската фудбалска федерација (ДФБ) донесе одлука да изрече казни на клубовите од трите професионални лиги во вкупен износ од 12 милиони евра за сезоната 2024/25. Причината за овие санкции, како што известува агенцијата ДПА, е претежно поврзана со употребата на пиротехнички средства од страна на навивачите.
Вкупниот износ на казните е малку помал од онаа во претходната сезона.
Најголеми казни доби клубот Келн, кој ќе треба да плати нешто повеќе од 900.000 евра. По него следуваат Ајнтрахт Франкфурт и Хамбургер, кој собрал казни во втората германска лига. Највисоката казна во третата фудбалска лига оди кај Динамо Дрезден, кој ќе плати нешто над 400.000 евра.
Клубовите имаат можност да искористат дел од казната за мерки за спречување на насилствата на стадионите.
Вкупната сума која ќе влезе во касата на ДФБ е околу осум милиони евра, од кои шест милиони ќе бидат донирани на фудбалски фондации.




