Џон Просер, познатиот технолошки анализатор, преку својот YouTube канал fpt. сподели слики од новиот, ултра тенок iPhone, за кој е уверено дека ќе го носи името iPhone Air. Веќе неколку пати се појавија шпекулации за ваков уред, а фактот што и Samsung има планови за претставување на потенок смартфон дава дополнителна тежина на тврдењата дека Apple активно работи на ваков концепт.
Како и во многу претходни случаи, Просер изјави дека успеал да го види уредот лично, што само ја зајакнува веројатноста дека наскоро би можеле да го очекуваме официјалното претставување. Останува да видиме како оваа нова филозофија на дизајн од Apple ќе се вклопи во постојната понуда на компанијата и дали ќе постави нови стандарди во индустријата.