Командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт „Маџар“ Бродви, во видео-изјава нагласи дека дроновите играат клучна улога во конфликта со руските сили. Според него, беспилотните летала предизвикале најзначајни загуби во противничките редови во историјата на војувањето, при што истакна дека преку нив се „елиминирани“ десетици илјади руски војници.
„Во оваа просторија се одвива најмасовното уништување на непријателот во историјата на човештвото. За 10 месеци од нашето формирање, потврдивме 85.000 елиминирани противнички војници“, изјави Бродви. Тој исто така додаде дека украинските сили, благодарение на дроновите, успеваат да унишат повеќе руски војници од бројот што руската армија успева да мобилизира, што тој го оцени како „пресвртна точка“ во тековниот конфликт.
Според неговите тврдења, достапната технологија, како што се дронови, кои чинат помеѓу 300 и 500 американски долари, генерално доведува до „голем број непријателски загуби“. Тој нагласи дека ова претставува особено неповолна ситуација за противникот. Неговите изјави доаѓаат во време на зголемена употреба на беспилотни системи на бојното поле, каде што и двете страни сè повеќе се потпираат на дронска технологија за извидување и напади.




