(Видео) Геј исклучен, му удри шлаканица на соиграчот Кин

Во последниот натпревар од 13-то коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се сретна со Евертон.

Само неколку минути по започнувањето на мечот, се случи невообичаена ситуација, кога судијата Тони Херингтон му покажа црвен картон на Идриса Гана Геј. Во 14-та минута, фудбалерот на Евертон најпрво влезе во вербален конфликт, а потоа дури и му зададе шлаканица на капитенот Мајкл Кин.

По исклучувањето, Геј беше искрено вознемирен, а голманот Џордан Пикфорд и соиграчите мораа да се обидат да ја смируваат ситуацијата.

Несекојдневни сцени на „Олд Трафорд“.

Фото/ EPA

Прочитајте и:  Мила Србиновска стана вицешампионка на Европа во хип-хоп танц!