Вардар, Работнички и Силекс започнуваат во квалификациите за Лига на конференции

Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ја започнуваат својата европска авантура со квалификациите за групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Силекс ќе гостува на црногорскиот клуб Дечиќ во Тузи, со почеток од 20 часот. Во исто време, Работнички ќе се соочи со белорускиот Торпедо – Белаз на неутрален терен во унгарскиот град Сомбатели, што ќе биде нивниот прв натпревар во европските натпреварувања по седумгодишна пауза.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, повторно се враќа во европските купови вечерва, кога од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ги измери силите со Ла Фиорита од Сан Марино.

Прочитајте и:  (Видео) Историски миг: „Метрополитано“ му запеа на Гризман

Реванш натпреварите се планирани за идниот четврток.

Истовремено, македонскиот првак Шкендија во вторникот одигра натпревар без голови против велшкиот ТНС на гости, во првиот квалификациски круг во Лигата на шампионите. Реваншот е закажан за идниот вторник на Арената во Скопје.