Болката е длабока, навистина длабока.

Голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, по неуспехот во квалификациите за Светското првенство, реши да ги дели своите чувства, не криејќи ги солзите и огромното разочарување.

Во разговор со „Скај Спорт“, капитенот на Италија спомна дека чувствува голема одговорност, но истовремено ги отфрли гласините дека побарал финансиски награди од Федерацијата. „Болката е навистина голема…“ додаде Донарума.

„Оваа ситуација беше тешка и исцрпувачка, и за мене и за целиот тим, како и за сите Италијанци кои со нетрпение очекуваа повторно да учествуваме на Светското првенство. За жал, не успеавме, и сега треба да го прифатиме тоа и да продолжиме понатаму. Тешко е да се помисли на најдобрите моменти, но мора да започнеме одново и да се движиме напред“, изјави тој.

Донарума, исто така, се осврна на критиките и коментарите од социјалните мрежи.

„Коментарите кои ги прочитав ме повредија. Како капитен, никогаш не сум побарал ниту едно евро од репрезентацијата. Она што го прави Федерацијата е награда за играчите кои се квалификуваат, но тоа е се. Ниту еден од нас не побара ништо“, нагласи тој.

„Нашата вистинска награда требаше да биде пласман на Светското првенство, но за жал тоа не се случи. Никој не побара премии, бидејќи тоа е награда што ја дава Италија за квалификација“, објасни тој.

На крајот од разговорот, Донарума не можеше да ги задржи солзите.

„Нормално е да се чувствуваме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме и тоа боли. Но, мора да продолжиме понатаму, им благодарам на сите за поддршката“, рече тој.

„Во крајна линија, и покрај разочараноста, постигнавме важни работи, како што е освојувањето на Европското првенство и рекордот за последователни победи. Не е сè изгубено. Мораме да реагираме. Тешко е, но мораме силно да продолжиме напред“, заклучи Донарума.

Фото: Depositphotos