Ашаданов објави проширен список за мартовските квалификации за Европското првенство

Објава на списокот на репрезентативки за квалификациите за Евробаскет 2027

Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, денеска го објави поширокиот список на кошаркарки кои ќе бидат во конкуренција за претстојните натпревари во рамките на вториот квалификациски „прозорец“ на ФИБА за Евробаскетот 2027.

На списокот на Ашаданов се наоѓаат:

  • Илина Селцова – Серко Уни Ѓер, Унгарија
  • Мерит Хемпе – Сарагоса, Шпанија
  • Александра Стојановска – Неа Јониа, Грција
  • Матеа Николиќ – Баскет Алкамо, Италија
  • Тијана Митрева – Баскет Алкамо, Италија
  • Ања Начевска – Мега, Србија
  • Ивана Кметовска – Баскет Кам
  • Цветанка Димова – Баскет Кам
  • Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
  • Сања Адамовска – Баскет Кам
  • Марија Николов – Бадел 1862
  • Јована Петрушевска – Бадел 1862
  • Ива Чолакоска – Бадел 1862
  • Елена Тасевска – Вардар
  • Милица Николиќ – Вардар
  • Теа Трајковска – Вардар
  • Јана Пислевска – Вардар
  • Михаела Алексовска – Крива Паланка
  • Дора Алексова – МЗТ Бела вода

Првиот собир е планиран за 7 март (сабота), со почеток во 18:30 часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Во вториот дел од квалификациите, групата „Ф“ пред кандидатките за сениорската репрезентација носи три натпревари: два на гостински терен против Данска (11 март) и Грција (14 март), и еден на домашен терен против Хрватска (17 март).