Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно привлекува внимание, по барањето на Рубен Аморим до Манчестер Јунајтед да реализираат неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот стратег има намера да го засили средниот ред со играч кој му е добро познат и кој го смета за клучен дел од неговиот проект.
Невеш моментално настапува за Ал Хилал, но неговата амбиција е да се врати во една од поелитните европски лиги. На „Олд Трафорд“ веќе размислуваат за различни можности во врска со неговиот трансфер.
Аморим и Невеш имаат многу добар однос, што би можело да направи процесот на трансферот полесен.
Играњето на Невеш во Европа му е особено привлечно, па сè укажува на тоа дека неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ може да се случи оваа зима.
Фото/ depositphotos




