На состанокот на 21 мај 2025 година, во посебна сесија, Светиот синод на Православната црква во Америка донесе одлука да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, со моментално стапување на сила. Со ова, беше потврдена и нашата полна заедница со нејзините хиерарси, свештеници и верници.
Радосната вест беше објавена од Неговата Блаженост Митрополитот Тихон во извештајот пред 21-от Се-Американски собор, кој се одржува во Финикс, Аризона, на 15 јули 2025 година.
Оваа важна одлука е резултат на барањето на Неговата Светост Патријархот Порфирије од Србија, кој официјално побара од Православната црква во Америка да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква, во согласност со Томосот издаден од Српската православна црква.
Кабинетите на Митрополитот Тихон и Архиепископот Стефан од Охрид активнo работат на организација на заедничка прослава помеѓу двете институции, која ќе се одржи во катедралата посветена на Св. Никола во Вашингтон.
Според инфо-материјалите што ги сподели Митрополитот Тихон на целата Американска Црковна Конференција, оваа прослава ќе биде крунисана со формално признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, која со гордост ќе стои покрај Православната црква во Америка како целосно автокефална локална православна црква.




