Услови за користење

Овој текст ја покрива целата содржина на www.365.com.mk (“365.com.mk”) и секоја придружна содржина, вклучително e-mail пораките и RSS каналот. Ве молиме внимателно да го прочитате, пред да продолжите со користење на 365.com.mk. Вашето користење на сајтот е индикација за вашата согласност со Условите за користење.

Користење на содржината

Услови за преобјавување

1. Внатрешните линкови во содржината не смеат да бидат отстранети.

2. Логото на сајтот и/или URL на преобјавената содржина мора да бидат видливи.

3. Форматот и брендирањето на насловите, текстот и другите информации обезбедени преку RSS каналот не смеат да бидат модификувани.

4. Линкот “Повеќе…” кој насочува до оригиналната страница мора да биде вклучен на крајот од секоја статија која е преземена (не повеќе од 10% од целосната содржина на статијата) и не смее да се отстрани. Доколку сакате да ја преземете содржината под други услови, контактирајте го уредникот.

Користење на RSS каналот

  • Доколку го користите овој канал, бараме тој да не се модификува на кој било начин.
  • Ве молиме да не го спојувате RSS каналот во некој друг канал или пак на друг начин да го редистрибуирате преку трет RSS провајдер.
  • Ве молиме да не додавате содржина, вклучително и реклами или други промотивни содржини, на RSS каналот.
  • 365.com.mk го задржува правото да приговори на вашето претставување на RSS каналот и правото да побара да престанете да го користите истиот, во било кое време.
  • 365.com.mk го задржува и правото да го прекине RSS каналот или пак да ја смени содржината или форматирањето, во кој било временски период, без известување.

Услови за печатено споделување

1. Репродукција на скриншотови од 365.com.mk е дозволена, без претходна писмена согласност, сѐ додека логото на сајтот и URL се целосно видливи или на друг начин се вклучени.

2. Логото на сајтот и URL мора да се појават на горниот дел секаде каде што ќе се прикажува сајтот

3. Содржината мора да се појави непроменета, освен на местата каде што хиперлинковите се заменуваат со URL и каде што се вметнуваат линковите од сајтовите на производителите на производите, каде што тоа е неопходно.

4. Фотографиите од сајтот не може да се користат во печатена форма, пред да ги обезбедите авторските права за истите.

Главни услови за користење

365.com.mk ја обезбедува содржината „таква каква што е“ и не сноси одговорност за Вашата употреба на информациите или каналите.

Користењето на содржината од сајтот, вклучително текстот и фотографиите, на вашиот сајт, целосно е на ваша дискреција. 365.com.mk не сноси одговорност за поплаките во однос на содржината или фотографиите кои ќе ги преобјавите на вашиот сајт или ќе ги испечатите.

Кореспонденција со 365.com.mk

Секоја кореспонденција со 365.com.mk и поднесената содржина, вклучително и документи и фотографии, станува сопственост на 365.com.mk. Го задржуваме правото да ја репродуцираме таа содржина, делумно или целосно, на 365.com.mk и да ја искористиме според потребите, вклучително и давање дозвола за реобјавување на трети лица. При поднесување содржина, потврдувате дека содржината која ни ја предавате е ваша, не крши права на трети лица (авторски права, трговски марки, права на приватност) и дека не е незаконска по ниту една основа.

Услови за користење на коментари

Коментарите на 365.com.mk се појавуваат и се чуваат на Disqus. Овој систем за регистрирање коментари е така дизајниран што, ако корисникот одлучи, може да остане потполно анонимен, дури и од нас.

За коментарите да бидат корисни и интересни, ги поставивме следниве правила за корисниците на коментарите:

  • Не постирајте материјали кои содржат: закани, малтретирање, лажни обвинувања или пак материјали кои се косат со законите.
  • Немојте намерно да давате изјави кои се лажни или пак наведуваат на погрешни заклучоци.
  • Не нудете продажба или купување на какви било производи или услуги.
  • Не постирајте материјали кои ги нарушуваат авторските права.
  • Не постирајте информации кои знаете дека се доверливи, имаат сензитивна природа или пак на кој било друг начин се косат со законот.
  • Сите коментари мора да бидат релевантни за статиите на 365.com.mk, каде што коментарите се објавуваат.
  • 365.com.mk не прифаќа одговорност за информациите изнесени во коментарите.

 

Штом ќе постирате коментар на 365.com.mk, тој станува дел од јавната дебата. Според нашата политика, не отстрануваме коментари од корисниците, освен ако тие се косат со Условите за користење. Оттаму, ако сакате да кажете нешто за што подоцна можеби ќе се каете, Ви препорачуваме да одберете корисничко име што не Ве идентификува лично. Не можеме да ги отстрануваме коментарите, само затоа што подоцна сте се премислиле.

Сепак, 365.com.mk го задржува правото да ги отстрани коментарите, по своја дискреција, вклучително за наводни прекршувања на Условите за користење или од правни причини.

365.com.mk нема одговорност за содржината на коментарите од корисниците. Доколку трета страна се пожали дека вашиот коментар ги нарушува нашите Услови за користење или пак нивните права, ќе ги поттикнеме самите да одговорат во коментарите. Ако поднесат жалба, ќе направиме разумен напор да Ве контактираме преку информациите кои сте ги обезбедиле, за да Ви ја предочиме ситуацијата. Вашите контакт информации ќе бидат заштитени, како што е наведено во Политиката за приватност, но можеби ќе мораме да ги предадеме, по судска наредба.

Услови за користење на фотографии и видеа

365.com.mk обично објавува фотографии, аудио и видео („Материјал“) како дел од статиите напишани од нашите автори. Видовите материјал кои нашите автори имаат овластување да ги користат на 365.com.mk вклучуваат:

  • Материјал лиценциран од фотографските и видео архиви
  • Материјали доставени до нашите автори или објавени во јавниот домен од одделите за односи со јавноста и маркетинг компаниите за промотивни цели
  • Материјал поднесен од читателите, со напомена дека личноста што го поднела тој материјал ги поседува правата за материјалот и правото да ни го отстапи за користење на нашиот сајт
  • Материјал објавен на Flickr или кои било други сајтови за јавно објавување на фото и видео материјали со лиценца под Creative Commons, во согласност со лиценцата на CC, во секој случај одделно
  • Материјал купен од 365.com.mk

 

Материјал за кој веруваме дека е во склад со политиката за фер користење, земајќи ги предвид следниве фактори:

  • Целта и типот на употреба (на пр. Трансформација од оригиналот, употреба за критикување, сатира или пародија)
  • Природата на материјалот заштитен со авторски права (на пр. факти и вести, наспроти креативни дела)
  • Делот и суптилноста на искористеното во корелација со целото дело (на пр. употреба на исечен, намален и материјал со ниска резолуција, коj се користи само за да се пренесе поентата)
  • Ефектот на потенцијалниот пазар за заштитеното дело (на пр. употреба што не го заменува оригиналот или нема да има лиценца во ниеден случај)

 

Доколку 365.com.mk добие известување дека објавениот материјал не е во склад со условите или пак наменетата употреба во коментарите каде што е објавен, го задржуваме правото да го отстраниме материјалот.

Доколку мислите дека сме објавиле материјал што ги нарушува вашите авторски права, ќе посветиме време на вашето барање; но, доколку материјалот спаѓа во некоја од горенаведените категории, сметаме дека неговата употреба е легитимна и нема да биде отстранет од сајтот.

Ќе одговориме само на оние известувања за наводно прекршување на авторски права кои преку e-mail му се испратени на главниот уредник.

За да можеме да го разгледаме вашето известување, Ве молиме да ги обезбедите следниве информации:

1. За фотографиите, видеата или деловите од текстот кои наводно ги прекршуваат вашите авторски права и кои сакате да се отстранат од 365.com.mk, обезбедете го идентичниот URL од страницата каде што се наоѓа тој материјал.

2. Оставете информации за начинот на кој можеме да стапиме во контакт со вас. Преферираме тоа да биде e-mail адреса, но прифатливи се и телефонските броеви.

Во однос на фотографиите, обезбедете информации што ги потврдуваат вашите авторски права; за фотографијата која мислите дека неправедно ви била преземена:

  • Доказ за сопственост на фотографијата во прашање; или, доколку немате таква регистрација:

Детален опис од местото каде што фотографијата е направена, од кого, кој или што е субјектот на истата и доказ што ќе го поткрепи вашето тврдење за авторски права.

Нема да постапиме по барањата за отстранување на фотографии, кога подносителот на жалбата не може да докаже дека ги поседува авторските права за фотографијата во прашање.

Напомена за надворешните линкови

365.com.mk содржи линкови до надворешни, трети сајтови. Објавувајќи ги линковите до другите сајтови, не гарантираме, не одобруваме, ниту пак ги поддржуваме информациите или производите достапни на тие сајтови; ниту пак линковите се индикација за поврзаност со, или поддршка на сајтот до кој води линкот.

365.com.mk нема влијание, ниту пак контрола над надворешните линкови. Оттаму, нема одговорност за информациите, производите или услугите кои се наоѓаат на тие сајтови; ниту пак тие линкови ги претставуваат или поддржуваат точноста или веродостојноста на кои било информации и/или услуги обезбедени на, или преку надворешните сајтови, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на какви било: гаранции од кој било вид, експлицитни или имплицитни, гаранции за тврдења или за непрекшување на авторски права или пак имплицитни гаранции за стока или соодветност за некоја намена.

Посетителите на 365.com.mk преземаат целосна одговорност и на сопствен ризик ги посетуваат надворешните сајтови. Посетителите треба да ги упатат своите забелешки за надворешните линкови до администраторите или вебмастерите на тие сајтови.

Известување за промени

Секојпат кога 365.com.mk ќе ги менува Условите за користење, ќе ги објави промените на оваа страница, како и на други места кои ги сметаме за соодветни, за на нашите корисници секогаш да им биде предочено под кои услови го користат 365.com.mk. Доколку постои промена, истата ќе биде објавена навремено.