Официјален портрет од крштевката на принцот Џорџ, но и глетка што не е видена 119 години

По фотографиите од крштевката на британскиот принц Џорџ што во средата го преплавија светот, еве уште еден потсетник на овој кралски настан. Овој пат станува збор за официјалниот портрет на кралското семејство што го направи Џејсон Бел.

Двете семејства од сосема спротивни светови радосно позираат на фотографијата што го одбележува крстењето на принцот Џорџ. Секако , станува збор за кралското семејство и членовите на семејството Мидлтон.

Од лево горе: принц Филип,92, принц Чарлс, 64, Камила, 66, принц Хари, 29, Пипа Мидлтон, 30, Џејмс Мидлтон, 26, Керол Мидлтон, 58 и Мајкл Мидлтон, 64 Од лево доле: Кралицата Елизабета, Кејт Мидлтон во рацете го држи принц Џорџ и принц Вилијам
Од лево горе: принц Филип,92, принц Чарлс, 64, Камила, 66, принц Хари, 29, Пипа Мидлтон, 30, Џејмс Мидлтон, 26, Керол Мидлтон, 58 и Мајкл Мидлтон, 64
Од лево доле: Кралицата Елизабета, Кејт Мидлтон во рацете го држи принц Џорџ и принц Вилијам

Интересно е тоа што на фотографиите е забележан момент што не е виден во последните 119 години, а тоа е дека актуелниот владетел, Кралицата Елизабета позира со три генерации идни кралеви – Чарлс, Вилијам и најмладиот Џорџ.

article-2475673-18F5934B00000578-127_472x549 1

 

 

 

- Реклама -