Најдобрите фраери на овогодишната Евровизија

Пред два дена беше објавена листата на финалисти.

Некои се изборија за пласман во финалето, некои треба допрва да се претстават, а некои за жал го завршија натпреварувањето за овогодишната Евровизија. Она што е заедничко за сите е, секако, шармот со кој пленат.

Даниел Кајмакоски

Кога беше објавена листата на финалисти, на која што не се најде нашиот претставник, Даниел Кајмакоски, настапи разочарување кај граѓаните на Македонија, но и кај граѓаните на Србија, пишуваат српските медиуми. Дури некои од српските познати личности изјавија жалење на социјалните мрежи. Даниел настапи со песната „Есенски лисја“, и иако многумина беа воодушевени од неговиот настап, тој сепак не влезе во финале. Како и да е, она што никој не може да му го одземе е неговиот шарм, со кој пленеше и за време на музичкиот натпревар „Икс Фактор“ во кој и победи.

Гај Себастијан

1

Многумина беа изненадени од веста дека Австралија оваа година ќе се натпреварува на „Песна на Евровизија“ во Виена, иако е само придружна членка на Европската радиодифузна унија. Гај Себастијан е избран од интерна селекција со договор на СБС и партнерската продуцентска фирма Blink TV. За време на презентацијата, Гај изјавил дека е воодушевен што е одбран, иако во исто време е малку необично да се биде претставник на Австралија на Евровизија, што му овозможи џокер кој го води директно во финалето, на 23-ти мај. Себастијан ќе се претстави со песната „Tonight again”.

Валкав Ноид Барта

Со својата колешка ќе настапат во првата половина на втората полуфинална вечер. Боите на Чешка на овогодинешната Евровизија ќе ги бранат Марта Јандова и Ваклав Ноид Барта кои ќе настапат со песната „Hope never dies”. Марта и Ваклав пејат за љубовта и надежта која никогаш не умира. А дали со својот шарм Ваклав ќе донесе добар пласман на Чешка, останува да видиме.

Монс Селмерлев

mons2

Оваа година претставникот на Шведска на изборот на Евровизија е Монс Селмерлев, кој ќе се претстави со песната „Heroes“ во втората полуфинална вечер. Покрај музиката, Монс редовно тренира тенис.

 

- Реклама -