Даниел е победник на X factor! (видео)

Цела Македонија се радува поради победата на Даниел Кајмакоски на синоќешниот X Factor.

И навистина  во неколку наврати сме пишале, но денеска особено важи –  „Не дека е наш, навистина беше најдобар“. Секако, така пресудија и гласовите, па и дел од жири комисијата во своите коментари.

Даниел пееше дури 4 песни со кои што успеа да не наежи сите. Токму тие го донесоа до победата која вклучува 10.000 евра и автомобил „мини купер“, животно осигурување, обезбедена турнеја, издание за „Сити рекордс“ и „Сони мјузик“, два видео спота и ПР поддршка на ТВ Пинк.

Победата за малку и избега на Тамара Милановиќ, која  последна остана во битките откако претходно испаднаа од играта „Доктори“ и „Лукијан“ во првиот круг, па Маид во вториот.

Тамара и Даниел во последниот дуел пееја по две песни, а Даниел освен „Red“, песната која што го прослави на првата аудиција, го врати и Тоше Проески во арената, изведувајќи ја неговата „Hardest thing“.

За оние кои пропуштија погледнете:

На почетокот ја распали публиката со Sex on fire

Потоа ја скроти со прекрасната балада од Роби Вилијамс (Според нас најдобриот настап од вчерашната ноќ)

Песните на Тоше треба да живеат вечно

Ииии. Победник на првиот x factor adria e…

Даниел: Цел живот го чекав ова

– Не знам што да кажам. Цел живот го чекав ова. Знам дека моите ќе бидат многу горди на ова. Верував во себе, но ова е нешто фантастично – изјави Даниел после неговата победа.

Медимите на Балканот

Медиумите ширум земјава пишуваат се најдобро. Погледнете како Балканот ја пренесе веста за победата на Кајмакоски.

„Со секој свој настап, Даниел се повеќе и повеќе ја воодушевуваше публика и жирито. Неговата победа е сосема заслужна“, пишува српски Курир

Даниел Кајмакоски има X-Factor. Вака српскиот Ало известува за победата на Даниел. Еден од најпознатите таблоиди пишува дека Даниел ќе биде награден со автомобил Мини Купер и парична награда од 10.000 евра.

„Даниел Кајмакоски е прв, Тамара е втора, Маид трет“ пишува Пулс.

„Првата сезона успешно заврши а Даниел несомнено ја заслужи првата награда бидејќи го очекува пат до светската слава“ пишуваСвет

Македонецот Даниел Кајмакоски е победник на X-Factor, пренесува Радио Сараево.

- Реклама -