Софтвер претвора луѓе во виртуелни крави

Американски специјалисти развија компјутерски софтвер кој ги претвора луѓето во виртуелни крави, со цел  да станат вегетаријанци.Експериментот бил спроведен од тимот на Џереми Беиленсен од виртуелната лабораторија во Универзитетот Стенфорд. Благодарение на интерактивните програми учесниците  се претворале во крави, кои го живееле  нивниот живот во штала. Конечно тие доживувале  и симулација на убиство во дигиталната кланица.

Учесниците во експериментот  биле толку преплашени од искуство што  почнале да сочувствуваат со животните  и драстично ја ограничиле потрошувачка на месните производи. Голем дел  од нив станале и вегетаријанци.

Ова не е првиот виртуелен експеримент, по кој луѓето го менуваат своето однесување и ставовите на одредена тема. Порано биле  спроведени тестови со помош на доброволци каде тие биле претворени во дрвја, кои требало да бидат пресечени. Како последица на тоа учесниците во експериментот  нагло ја  намалиле употребата  на хартија во домаќинствата.

- Реклама -