Најдобрите дестинации за авантуристи


Живееме во златно доба за авантури. Никогаш немало толку многу луѓе кои сакаат да ги видат и искусат најодалечените места на земјата. Поентата на авантурите не е бегство во дивината туку посветување на она што го правите, без разлика што е тоа.

авантуриЧиле
Можност да пешачите низ Андите крај реката Футалеуфу, по што можете со кајак да отидете се до Пацификот. Агенцијата која ја овозможува оваа авантура вработува локални водичи, што значи дека покрај природата ќе ја искусите и локалната култура. Аранжманите почнуваат од 2895 долари.




авантуриТајланд
Патувања низ Златниот Триаголник со различни физички побарувања, од умерени (максимум 40 километри дневно) до напорни (околу 90 километри дневно). Запознајте ја локалната култура додека учествувате во интензивни велосипедски тури. Аранжманите почнуваат од 3598 долари.




авантуриФинска
Ова патување е за вас ако отсекогаш сте сакале да се возите со санка влечена од кучиња и да спиете во дрвена колиба или игло. За максимална автентичност, локалните водичи ќе ви ја откријат Финска користејќи локелен транспорт. Аранжманите почнуваат од 2999 долари.




авантуриМексико
Единствена можност за автентично океанографско доживување. Следете китови и помогнете во категоризирањето на загрозени морски желки. Авантура која се фокусира на мексиканското природно и културно наследство. Аранжманите почнуваат од 2495 долари.




авантуриФранција
Возете велосипед од винариите во околината на Бордо до долината Дордоњ. Пешачење и велосипедизам преку ден, дегустација на локална храна и вина преку ноќ. Аранжманите почнуваат од 6995 долари.





авантуриМонголија
Можност да го поминете Ховсголското езеро со кајче, и да јавате низ пустината Гоби на двогрби бактријски камили. Прошетајте ги планините во западна Монголија на коњ или камила, и поминете неколку вечери во автентична јурта. Аранжманите почнуваат од 3375 долари.


AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

Книга на подарок

Наследена загуба
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 16°C
Темп. на ветер: 16°C
Влажност: 82%
Брзина: 3 km/h
Правец: 130°
Притисок: 1014.9 mb
SE
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 483 посетители и 2 автори присутни