Солзите на глувците како афродизијак


Маж кој плаче навистина може да ги возбуди жените...барем во светот на глувците. Испитувањата на животинските феромони отидоа дотаму што сега точно се знае кој феромон како влијае на женката и од каде потекнува тој феромон. Кај глувците, сè што треба е да заплачат.

news-mouse-tears_22908_600x450Според едно ново испитување, солзите на машките глувци содржат секс феромон наречен ESP1, при кој рецептивните системи на женските глувци растат. Иако за секс феромоните е познато дека имаат сличен ефект и кај други животни, оваа нова студија покажува како тие работат „на молекуларно ниво како и на мозочно ниво“, вели ко-авторот на испитувањето, Казашиге Тухара од Универзитетот во Токио.

Машките глувци испуштаат солзи за да спречат нивните очи да не се исушат. Додека тие го прават тоа, феромонот во солзите се раширува околу нивните тела и гнезда. Кога женка глушец ќе дојде во контакт со мажјак или неговото гнездо, тие го примаат феромонот преку рецепторот за мирис наречен vomeronasal или V2Rp5, каде што феромонот се поврзува со одреден протеински рецептор. По контактот, феромонот се испраќа кон одредени секс региони во мозокот на женката. Тогаш е поверојатно дека женката ќе ги зголеми своите рецептори за три пати повеќе и ќе биде сексуално расположена.

„Солзите на луѓето го немаат генот кој е во кодот на ESP1 и неговите рецептори, па луѓето, односно мажите, нема да можат да шират сексуална хемија кога ќе ја покажуваат својата нежна страна“, забележи Тухара. „Работата е што, во човечкото општество не користиме хемиска комуникација повеќе, бидејќи имаме добро развиен вид - за да ги визуализираме и споредуваме атрактивните партнери, а и го користиме јазикот.“

Но, со резултатите од ова испитување ќе може подобро да се контролира популацијата на глувците. Тимот на Тухара аплицираше за да го патентираат овој феромон како алатка за „зголемување на шансите за парење кај лаботориските глувци“, според кажувањата на Тухара. [Mouse Tears Are Aphrodisiacs]



AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

Книга на подарок

Наследена загуба
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 20°C
Темп. на ветер: 20°C
Влажност: 78%
Брзина: 3 km/h
Правец: 230°
Притисок: 1013.9 mb
SW
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 465 посетители и 1 автор присутни