Телескопот Хабл фотографираше вселенско тело што се движи со брзина од 17700 km/h


НАСА вели дека P/2010-A2 можеби е комета која настанала како резултат на судар помеѓу 2 претходно непознати астероиди. Едно е сигурно - ова е првпат да биде забележано вакво вселенско тело.

АстероидP/2010-A2 е вселенско тело што неодамна беше фотографирано од телескопот Хабл. Она што го прави различно од сите до сега фотографирани вселенски тела е структурата која не се совпаѓа со ниту една дефиниција. Не се работи за астероид, затоа што има опашка, но не е ниту комета, затоа што јадрото долго 14 метри е надвор од опашката.

Едно од објаснувањата што ги даде НАСА е дека можеби се работи за комета која штотуку настанала како резултат на судар  помеѓу 2 до сега непознати астероиди. Поради тоа, опашката е различна од сите комети кои ги имаме видено, затоа што е полна со фрагменти од вселенските тела кои го создале P/2010-A2.  Едно од најзагадочните прашања по однос на P/2010-A2 е фактот што фрагментите во опашката формираат Х малку настрана од јадрото. Сепак, истражувањето продолжува, а сега за сега ништо не е сигурно.


AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Книга на подарок

Елеганцијата на ежот

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 19°C
Темп. на ветер: 19°C
Влажност: 68%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1012.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 419 посетители и 1 автор присутни