Фев 05
|13:37 pm
Трошите часови и часови во физичка активност, а никако да дојдите до посакуваните резултати? За тоа можете да ги обвините родителите. Како што тврдат истражувачите, една од пет личности наследува „гени за лоша физичка форма“, па колку и да вежбаат нема да ги постигнат посакуваните резултати.Резултатите на истражувањето сугерираат дека е доволен само еден мал тест на крвта за да дознаеме дали се исплаќа или не вежбањето, па дали е потребно да побараме други начини за да бидеме со подобро здравје и да го зачуваме истото.
Истражувачите од вкупно 14 институции од Европа и САД проучуваа 600 испитаници. Ним им се мереше количината кислород која ја внесуваат во белите дробови, што е показател за нивото на способноста на срцето да пумпа крв и едно од најдобрите средства за да се предвиди долг и здрав живот. Трчањето, возењето велосипед и брзото одење ја зголемуваат способноста на телото да внесува и да го користи кислородот со што се зголемува отпорноста на болести.
Потоа истражувачите своето внимание го насочија кон ДНК на испитаниците каде открија 30 гени кои се директно одговорни за внесувањето кислород. Меѓу тие 30 изолираа 11 гени на кои постојат одредени разлики поврзани со состојбата на организмот после возење велосипед. Од тука се донесе заклучок дека еден од петмина има гени заради кои внесувањето на кислородот после физички активности не се зголемува, со што автоматски не му се подобрува ни телесната форма.
Џејмс Тимонс, кој ја водеше студијата, верува дека тестот на крвта, односно ДНК тестот за одредување на постоењето на „анти-фитнес генот“ многу брзо ќе биде патентиран и ќе се најде на пазарите ширум светот. Него ќе можат да го користат матичните лекари како и стручњаците во теретаните и фитнес центрите за да можат да предложат поквалитетна програма за вежбање. [Unable to shed weight after hours of gymming? Blame your genes!]
| < Претходна | Следна > |
|---|
Свет
МКД
Скопје
Спорт
- Најмалку десетмина загинати во самоубиствен напад во Пакистан | Алфа
- Меѓународна осуда на Израел за еврејската населба | Р.С.Европа
- Нарко банда застрела осум лица на забава во Мексико | Макфакс
- Најмалку шест лица загинаа во експлозија во Авганистан | Нетпрес
- Клупската метропола Берлин е во тренд | DW
- Министерот Коњановски на одбележувањето 111 години од дипломирањето на Ататурк во Битола | Нетпрес
- Сончево со умерена облачност | Нетпрес
- Промоција на 14 книги дел од проектот "Превод на 500 стручни, научни книги и учебници“...
- Зоран Иванов - Црвенковски во Охрид, со штитот или на него | Inpress
- Сообраќајот се одвива тековно и без забрани | Inpress
- Роналдо: Со сите соиграчи имам добри односи | 24Фудбал
- Бонучи: Доколку би можел да бирам сакам трансфер во Интер | 24Фудбал
- Катанија го победи Интер, 15 минути за Пандев | Кирилица
- Ферги очекува Невил и Сколс да продолжат со Јунајтед и следната сезона | 24Фудбал
- Руни, Рибери, Виља и Силва се целите на Перез за втората година од новата Галактикос...
Developed by JoomVision.com
Актуелно
Последни коментари
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
![]() |
|
||||||
|
![]() W
|
||||||
| Временска прогноза | |||||||
| Изберете град... | |||||||
|
|
|||||||
Посетители онлајн
Има 383 посетители присутни







