Сакате да ослабите? Одете на планина


201020421Германските истражувачи докажаа дека престојот од една недела на голема височина може да даде резулати во намалување на тежината.

Наместо на плажа, на оние со вишок килограми би им било подобро да отидат на планина и тоа не само за да го избегнат покажувањето во костим за капење. Според најновата германска студија, планините се совршени места за губење килограми.

Во студијата учествуваа 20 мажи со вишок килограми кои поминаа една недела на планински воздух и кои во текот на тој период изгубиле солиден број килограми. Но тоа не е се, тие успеале да ја одржат новостекнатата тежина дури и во наредните неколку недели.

Важно е да се напомене дека во текот на престојот на највисоката планина во Германија, Цугшпице на Алпите, на висина од 2.600 метри мажите кои учествувале во студијата немале зголемени физички активности, ниту пак биле на диети. Сепак, учесниците во студијата не јаделе како вообичаено заради што значително се намалило внесувањето на калории - од 734 до 2.200 помалку, на ден. Нивниот притисок значително се намалил, а метаболизмот се интезивирал. Како резултат на тоа секој од испитаниците изгубил по 1,5 килограми.

Тука нема ништо чудно. Луѓето обично чувствуваат помалку глад кога се на големи височини, освен тоа губење на апетитот и вртоглавица се први симптоми на висинска болест. Она што најмногу ги изненади истражувачите е фактот што учесниците во студијата успеале да ја одржат телесната тежина и во наредниот месец. Се претпоставува дека причина за тоа е  прочистувањето на крвта кое им се случило заради планинскиот воздух, а заради што можеле да вежбаат повеќе кога се вратиле дома и на пониска надморска височина. [Altitude Causes Weight Loss Without Exercise]

AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

Книга на подарок

Наследена загуба
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 10°C
Темп. на ветер: 10°C
Влажност: 71%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1020.0 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 405 посетители присутни