Мамурлакот од виски е полош од оној од водката


hangoverСе ближат празници па запамтете дека виски предизвикува полош мамурлак од водката. Тоа го велат американските научници кои тврдат дека причината се крие во бројот на молекулите наречени конгенерс кои ги има во вискито.

Иако испитаниците кои конзумирале виски, во експериментот направен од научниците, се чувствувале многу полошо, не може да се каже дека нивната способност за извршување задачи била полоша од оние кои конзумирале водка, вели Danaris Rohsenow, научникот од Универзитетот Браун, кој го предводеше истражувањето. Сепак, доколку сакате да избегнете полош мамурлак денот потоа, треба да ги земете во предвид овие предупредувања на американските научници. Ако сепак претерате, еве неколку совети како да се изборите со мамурлакот.

-Пред да почнете со пиење изедете обилен оброк - храната ќе го успори растворањето на алкохолот. После забавата натерајте се да изедете нешто за појадок, бидејќи тоа ќе го врати нивото на шеќер во организмот на нормала и ќе направи да се чувствувате малку подобро.

-Ублажете го делувањето на алкохолот - пијте што повеќе вода во текот на ноќта дури и ако не сте жедни. Наутро избегнете го кафето или чај во големи количини бидејќи кофеинот дополнително ќе го дехидрира вашиот организам.

-Избегнувајте обоени пијалоци - румот, вискито и црвеното вино содржат посебни супстанци, конгенери, кои се создаваат во процесот на ферментација и оттаму доаѓа и темната боја на овие пијалоци, а конгенерите се тие кои предизвикуваат главоболка и најтежок мамурлак.

-Преспијте го мамурлакот - лек против мамурлак нема, па затоа е најдобро да го преспиете. Може да станете само за да ги прочитате новите статии на 365.com.mк:)

AddThis
blog comments powered by Disqus

Преведи го 365

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English French German Italian Portuguese Russian Serbian Slovenian Spanish Turkish

Следете нè

  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail

Книга на подарок

Елеганцијата на ежот

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 19°C
Темп. на ветер: 19°C
Влажност: 68%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1012.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...

Посетители онлајн

Има 457 посетители и 1 автор присутни