Среда, Август 12 2009
|15:52
Зак Старки
Патот до славата: Тапанар на The Who од 1996. Од 2004-2008 свиреше со бритпоп составот Oasis.
Џејсон Бонам

Син на: Тапанарот на Led Zeppelin - Џон Бонам.
Патот до славата: Фронтмен на неговиот бенд Bonham. Поранешен тапанар во Foreigner. Свиреше на местото на неговиот мртов татко на повторното собирање на Led Zeppelin во 2007.
Зиги Марли

Син на: Боб и Рита Марли
Патот до славата: Четирикратен добитник на Греми и успешно се носи со наследство на неговиот татко.
Џулијан/Шон Ленон

Синови на: Џон Ленон и Синтија Пауел (Џулијан) и Џон Ленон и Јоко Оно (Шон)
Патот до славата: Џулијан имаше мал успех во 80-тите, а неговиот албум од 1998 - Photograph Smile беше вртен по радијата. Шон издаде еден соло албум, Into The Sun, и моментално е фронтмен на њујоршкиот бенд Cibo Matto. Браќата одржуваат блиска врска.
Џејкоб Дилан

Син на: Боб и Сара ДиланПатот до славата: Фронтмен и тесктописец во The Wallflowers, бендот со кој имаше еден голем хит пред една декада. Бидејќи успехот кој бендот го имаше со мегахитот One Headlight не се повтори, Џејкоб се сврти кон соло кариера.
| < Претходна | Следна > |
|---|












