Четврток, Март 04 2010
|12:59
Во обид да му се додворат на интернет гигантот и да бидат одбрани за еден од градовите што ќе учествува во пилот програмата за ултрабрз интернет, граѓаните на Топика, главниот град на сојузната држава Канзас, одлучија да го променат името на својот дом.
Градоначалникот Бил Бантен кој има 79 години, вели дека не го разбира во целост интернет светот и дека иако имал мејл адреса, асистентите ја завршуваат целата работа место него. Но, сепак, важно е младината од неговиот град да ги има сите можни предности што се возможни во денешницата. Токму затоа се одлучил на ваквиот чекор.
Промената на името е неофицијална и важи само за тековниов месец (март, 2010), но официјалните лица се надеваат дека ова ќе биде клучниот чекор што ќе го вклучи нивниот град во пилот програмата за ултрабрз интернет пристап. [Topeka 'renames' itself 'Google, Kansas']
| < Претходна | Следна > |
|---|












