Град продаден на аукција


Латвија продаде напуштен град, изграден во Советската ера, на руски инвеститор кој даде 3.1 милиони долари на необичната аукција.

capt.7dc1c6f6bddf4133941e11eefaebd533.latvia_town_for_sale_mosb124 Градот кој бил познат како Skrunda-1 бил напуштен повеќе од една декада, откако руската војска се повлече од Латвија. Рускиот инвеститор победи на аукцијата која се одржа во Рига, главниот град на Латвија, со понуда од 1.55 милиони лати (3.1 милион долари). Агенцијата за приватизација вели дека купувачот е Aleksejevskoje-Serviss, руска фирма, иако неможат да дадат детали.

Не е познато што планира купувачот да направи со овие 110 акри (45 хектари) земја, која е лоцирана во Западна Латвија на околу 150км од Рига. Во градот има 70 згради, апартмани, училиште, бараки и офицерски дом. Градот е изграден во 1980 и бил донекаде таен, немајќи го на советските мапи поради двата огромни радари кои ги имал, а служеле за слушање на објекти во вселената и мониторинг на небото за американски проектили. Како и сите градови во советската унија од ваков вид, не постоел на мапите и му било дадено кодирано име, кое обично содржело бројка и име на град во близина.

Откако советската унија се распадна, новата независна Латвија била одлучна да ги тргне сите советски воени бази и да ги избрка руските трупи. Но, министерството за одбрана на Русија продолжило да се служи со радарите во Skrunda-1 и тие биле користени за преговори помеѓу Вашингтон и Москва цели 4 години. Една од радарските згради, Pechora, била огромна - дури 60 метри висока. Во мај 1995, таа церемонијално беше дигната во воздух од американска фирма која искористила еден тон динамит. Конечно, во 1998 и последните жители на Skrunda-1 заминале, оставајќи зад себе голем број згради и апартмaни.

capt.10240cde63d848678b652d30f1721304.latvia_town_for_sale_mosb123 Иако се разговараше целиот град да биде област за рекреација, сепак пред 2 години владата на Латвија одлучи да го стави целото земјиште на аукција. На жителите во соседните градови им се допаѓа оваа идеја, велејќи: „Тие треба да го реновираат местото за луѓе да живеат таму“. Фактот дека гратчето е купено од руски инвеститор им пречи на националистите во Латвија, на кои не им се допаѓа идеата руси да купуваат недвижнини во оваа мала балтичка држава, но официјалните лица за приватизација велат дека зделката била успешна. [Latvian ghost town auctioned off for $3.1 million]


Банер
  • Свет

  • МКД

  • Скопје

  • Спорт

Developed by JoomVision.com
Пријавете се за нови статии преку RSS
Што е RSS? Пријавете се тука за да ги добивате најновите статии на e-mail
Get Adobe Flash player

Книга на подарок

Ова не се Ромео и Јулија

Последни коментари

Skopje, Macedonia
Темп.: 3°C
Темп. на ветер: 3°C
Влажност: 93%
Брзина: N/A
Правец:
Притисок: 1011.9 mb
CALM
Временска прогноза
Изберете град...
Следете го 365.com.mk преку Twitter
English Bulgarian Croatian Czech Danish Dutch Finnish French German Greek Italian Russian Slovenian Albanian Turkish

Посетители онлајн

Има 488 посетители и 1 автор присутни