Политика за приватност

Овој текст ја претставува Политиката за приватност на www.365.com.mk (“365.com.mk”). Ве молиме внимателно да го прочитате пред да пристапите кон сајтот. Со тоа што го користите сајтот се претпоставува дека се сложувате со условите наведени на оваа страница.

Сопственост на податоците

365.com.mk е единствен сопственик на сите податоци собрани на сајтот.

Коментари

За подобрување на користењето на 365.com.mk, корисниците можат да остават коментари на одделни статии. Коментаторите можат да се регистрираат анонимно. Сепак, доколку трета страна се пожали дека коментарот ги прекршува Условите за користење (т.е. дека ги клевети на било кој начин), тогаш, во склад со нашите Услови, ќе се потрудиме да контактираме со коментаторот и да го предупредиме за ситуацијата. Доколку, според законот, бидат побарани податоците од коментаторот, ќе се обидеме да контактираме со него, давајќи му шанса да одговори на барањето. Погледнете ги Условите за користење за повеќе информации.

Мејлинг листи

365.com.mk може да направи мејлинг листи, за да им обезбеди релевантни информации на своите претплатници – топ вести, или пак неделни или дневни прегледи, на пример. За претплата за добивање редовни мејлови од мејлинг листата на сајтот, корисниците мора да поднесат информации, во кои е вклучена валидна e-mail адреса. Овие информации ќе се користат само за потребите на сајтот, за проценка на интересот на корисниците за содржините, како и за интересот за производите на трети лица. Вашите лични и контакт информации нема да бидат пренесени на ниту една друга организација.

Корисниците што ќе одберат да се пријават на мејлинг листата, редовно ќе добиваат мејлови од сајтот. Најчесто, истите ќе бидат со содржина од сајтот, но повремено, може да биде испратена порака од некој од спонзорите. Тоа нема да биде редовна пракса, а испраќањето на таква порака нема да биде препорака за производот кој се рекламира, од страна на 365.com.mk. Таквите пораки јасно ќе бидат обележани како реклами. Ве замолуваме да ги прочитате, затоа што мислиме дека ќе бидат релевантни за Вас. Уредничката независност е важна за нас, па оттаму, можете да бидете сигурни дека никогаш нема да ви биде испратен спонзориран мејл лажно претставен како позитивна оцена на производ.

Групи за дискусија и колачиња (cookies)

За подобрување на искуството на корисниците, 365.com.mk има сервис за коментирање (Disqus), на кој корисниците можат да дискутираат на заеднички теми. Корисниците можат да се регистрираат за овој сервис, а за да го сторат тоа, мора да поднесат информации, вклучително и валидна e-mail адреса. 365.com.mk ги користи овие информации за да ги филтрира корисниците кои оставаат коментари што се забранети со нашите Услови за користење, како и за бирање теми што ги интересираат корисниците на групите за дискусија. 365.com.mk нема да ги сподели овие информации со друга организација, освен во збирна форма.

Овој сервис за дискусија може да користи колачиња (cookies). Колачето е парче информација што се складира на компјутерот од корисникот, сврзано со информациите за корисникот. Го задржуваме правото да ги користиме сесиските колачиња, како и трајните колачиња. Сесиските колачиња исчезнуваат штом ќе биде затворен пребарувачот. Трајните колачиња се мали текстуални фајлови кои се складираат на хард дискот од корисникот на подолг период. Трајните колачиња може да се отстранат ако ги следите информациите за помош на интернет пребарувачот.

Со поставување колаче на 365.com.mk, корисниците нема да мораат да се логираат повеќе од еднаш, на тој начин заштедувајќи време при користење на сервисот за дискусија. Складираме колаче на компјутерот од секој корисник, во кое се содржи корисничкото име и енкриптирана лозинка. Можете да го подесите пребарувачот да ги прифаќа сите колачиња, да ги одбива сите колачиња или пак да ве извести при складирањето на колаче. Ако ги одбиете сите колачиња, нема да можете да ги користите производите и услугите на 365.com.mk за кои е потребно логирање и можеби нема да сте во можност да ги искористите сите предности на нашите понуди. Сепак, не сите сервиси на 365.com.mk бараат прифаќање на колачиња.

Колачиња од надворешни извори

Некои од нашите деловни партнери можат да користат колачиња на нашиот сајт (на пример, во рекламите). Сепак, 365.com.mk нема пристап или контрола на тие колачиња, по давањето дозвола за поставување колачиња при рекламирањето. Овој документ за Pолитиката за приватност ги покрива само колачињата од 365.com.mk и не го покрива користењето колачиња од нашите спонзори.

Рекламирање од надворешни извори

Дополнително, 365.com.mk може да работи со надворешните извори за собирање податоци за сесиите, како на пример, бројот на прегледани реклами. Овие податоци ќе бидат анонимни и збирни, а ќе бидат искористени само за информација и оптимизацијата на понудите на сајтот, единствено за специфични рекламни кампањи.

Линкови

На 365.com.mk постојат линкови до други сајтови. Ние не сме одговорни за Политиките за приватност на тие сајтови. Ги молиме нашите корисници да бидат внимателни при напуштање на сајтот и да ги прочитаат Политиките на приватност на сите сајтови кои собираат лични податоци. Овој документ се однесува исклучиво на информациите собрани од 365.com.mk.

Фајлови со историја (Log files)

Како многу други стандардни веб сервери, користиме фајлови со историја. Тука се вклучени интернет протокол (IP) адресите, видот на пребарувачот, провајдерот на интернет услугата (ISP), дојдовни и излезни страници, типот на платформата, датумот и бројот на кликовите; поради анализа на трендовите, администрација на сајтот и општото движење на корисниците. Овие информации не се поврзуваат со личните податоци. Можно е користењето на алатки кои ги користат фајловите со историја за анализа на движењето.

Деловни преоди

Во случај 365.com.mk да помине низ деловен преод, како на пример: спојување, купување од друга компанија или пак продажба на дел од својот имот; личните информации на корисниците, во најголем дел од случаите, ќе бидат дел од пренесениот имот.

Правна напомена

Иако ги правиме сите напори да ја зачуваме приватноста на корисниците, 365.com.mk можеби ќе мора да ги открие личните информации, кога тоа ќе биде побарано на законска основа, кога ќе бидеме сигурни дека таквата постапка е неопходна за да се постапи согласно барањата на важечки судски процес, судска наредба или пак судска постапка против 365.com.mk.

Известување за промени

Секојпат кога 365.com.mk ќе ја менува Политиката за приватност, ќе ги објави промените на оваа страница, како и на други места кои ги сметаме за соодветни, за на нашите корисници секогаш да им биде предочено кои информации ги собираме, како ги користиме и под кои услови се одвива сето тоа. Доколку постои промена, истата ќе биде објавена навремено.

Контакт информации

Доколку имате прашања или сугестии во однос на нашата Политика за приватност, Ве молиме да контактирате со уредникот на 365.com.mk.