Од прва рака: Бакнувањето со Џенифер Лоренс е ГРОЗНО

Многумина сонуваат да се на негово место…

Младиот актер Лиам Хмесворт, кој во филмот „Игри на гладта“ го глуми дечкото на Џенифер Лоренс, гостуваше во емисијата на Џими Фалон „The Tonight Show“. Водителот му читал прашања од обожавателите кои ги поставиле преку Твитер, а публиката најмногу се изненади од одговорот на прашањето: Кои сцени од филмот „Игри на гладта“ му биле најлоши да ги снима, пренесуваат странските медиуми.

Liam Hemsworth i Jennifer Lawrence (Foto: Getty)

Актерот одговорил дека најлошо му било да ги снима љубовните сцени со Џен, а објаснил и зошто. Поточно, Лоренс, која е една од неговите најдобри пријателки, пред секое снимање на романтични сцени јадела кромид и туна, и како вистинска пријателка, го предупредила она што го чека.

„Секогаш јадеше нешто одвратно и ми кажуваше дека јадела тоа и дека не ги измила забите. Фантастично… Еднај чекам да го пикнам јазикот и да го пробам тоа“, рекол актерот и ја насмеал публиката.

- Реклама -