http://0.mk претставува македонски сервис за кратење на долги линкови. Вакви сервиси не се новина, меѓутоа ова е првиот македонски сајт од ваков тип каде должината на скратените линкови во иднина ќе зависи од нивниот број. Со зголемувањето на бројот на скратени линкови, автоматски ќе се зголемува и должината на генерираната наставка. Доколку сакате вие да ја одберете наставката наместо таа да биде генерирана од сајтот, едноставно внесете некаков текст во полето наставка по ваш избор. [0.mk]
Топ 10 погрешни сфаќања (видео) YouTube корисникот C.G.P. Grey ги претставува десетте најраспростанети „факти“, проследени со предупредување дека сè на интернетот не е секогаш вистина. Секогаш барајте повеќе информации и не верувајте во сè што ќе прочитате. |
Затворски танчер (видео) Следејќи ја традицијата на Бродвеј за користење на најнеобичните субјекти за мјузикли, Ана Серано, Ромео Кандидо и Кармен Де Хезус ја претвараат приказната за Провинцијалниот Центар за Притвор и Рехабилитација Цебу во Филипините во интерактивна музичка продукција. Мјузиклот ќе биде прикажан ексклузивно на YouTube каналот prisondancer во 12 епизоди со почеток од Март. |
Отклучи ги попустите и подароците на Foursquare Super Swarm Фестивал Најмалку 250 корисници на социјалната мрежа foursquare ќе треба да се чекираат во ТЦ Рамстор на 4-ти декември 2011 во периодот од 13:00 до 16:00 часот за да го отклучиме Super Swarm беџот, и воедно да го одбележиме првиот Foursquare Super Swarm фестивал во Македонија и на Балканот. Секој кој ќе се чекира ја отвора можноста за добивање бесплатна веб камера, маица со Super Swarm беџот, бесплатен паркинг, вредносни ваучери и многу други попусти.
|
Пропагандни постери за интернет Од Angry Birds до YouTube, интернетот веќе е доволно способен да создаде зависност, но во случај да ви треба малку мотивација за да ги проширите своите активности за трошење на време, еве неколку одлични пропагандни постери. |
Socialnumbers: Статистика за социјалните медиуми во Македонија Доколку вашата работа ги опфаќа социјалните медиуми или пак сте љубопитни да дознаете кои се најголемите, најактивните и најбрзо растечките Facebook страници во Македонија, тогаш Socialnumbers ќе биде од голема корист за вас. На оваа веб-страница можете да ги следите најдобрите Facebook брендови според дневен, неделен и вкупен раст на бројот на фанови, како и квалитетот на интеракција помеѓу фановите (FIR).
|