Наскоро – гаџети за вежбање на телесна енергија

Лесни гаџети кои можат да се носат го променија начинот на кој вежбаме. Некои луѓе ги сметаат за интегрален дел од секоја вежба бидејќи ја следат работата на срцето и согорените калории.

Во иднината ваквите гаџети ќе бидат уште поважни во вежбањето. Гаџетите без батерии ќе добиваат енергија од телесната топлина, ако работите напорно TEGwear технологијата ќе ве награди со електрична енергија.

Perpetua, компанија која специјализира во создавање на обновливи енергетски решенија за безжични сензори работи на создавање на чип кој ја претвара телесната топлина во електрична енергија.
Магијата која стои зад работењето на чипот е базирана на термоелектрична енергија. TEGWear технологијата зависи од две различни температури – телесната топлина и студото околу направата. Направата ја претвара разликата помеѓу овие две температури во корисна енергија.

Хардверот лесно може да биде интегриран во лесни гаџети кои имаат ултра ниски енергетски потреби (нема да може да обезбеди доволно енергија за телефон) кои се користат во вежбање. Perpetua бара партнери за развивање на медицински, фитнес и безбедносни гаџети кои ќе работат без батерии и би се носеле на телото.

До 2014 година ќе бидат достапни фитнес часовници, сензори и педометри кои ќе се носат на телото. Опремата би можела да создаде микровати (милионити дел од ват) или дури и миливат (илјадити дел од ват) електрична енергија што е доволно за направи како монитор на пулс.

„Ова може да биде споредено со батерија плочка. Оваа технологија ќе трае ако не подолго барем колку и електрониката во која ќе биде интегрирана, од 10 до 20 години.“

- Реклама -