365 инстант речник

СПОДЕЛЕТЕ

instant-recnik.gif Конечно, по 2 месеци работа и тестирање, ви го претставуваме нашиот најнов технолошки додаток – 365 инстант речник!

365 инстант речник е онлајн AJAX речник со autocomplete функција кој може да го погледнете на http://recnik.365.com.mk.

При негово користење треба да имате инсталирано и соодветна поддршка за избраниот јазик.

За да го искористите целосниот потенцијал на речникот ќе ви биде потребна и Java поддршка. Доколку ја немате инсталирано, преземете ја на http://java.com


Одлики на речникот
Аutocomplete функција

По третата впишана буква се појавуваат 10 најблиски резултати од базата. Како што пишувате, резултатот се менува по што евентуално ќе го добиете бараното зборче. Само изберете го од dropdown менито или кликнете Enter. Избраниот јазик ќе биде зачуван со помош на cookies и ќе се појави и следниот пат кога ќе го посетите речникот.
rec-recnik365.jpg

Зборови со слично значење
При пребарување под резултатот се појавуваат синоними кои отвараат можност за учење на нови зборови со секој клик.
recnik-sinonimi.png

dodadi
Додај нов збор
– Опција преку која речникот може да биде надградуван од самите посетители со поднесување на нови зборови за превод.

korigiraj
Коригирај превод
– За квалитетен превод се грижи компанијата MagnumSoft, а сите ваши сугестии во врска со зборовите во базите може да ги испратите преку формуларите „Додади нов збор“ и „Коригирај превод“.

razglasi
Рашири го зборот
– Доколку сакате да допринесете за поголема популарност на 365 инстант речник, испратете линк до пријателите.

kod
Постави го речникот на твојот вебсајт
– Секој посетител кој поседува свој вебсајт или блог, може да го преземе речникот преку дадениот код и да го постави на својата веб-страница.

365 инстант речник содржи 14 бази со зборови (English-Македонски, Македонски-English, Македонски лексикон на изрази и зборови, Правописен речник, Deutsch-Македонски, Македонски-Deutsch, Français-Македонски, Македонски-Français, Shqip-Македонски, Македонски-Shqip, Eλληνικά-Македонски, Македонски-Eλληνικά, Slovenščina-Македонски, Македонски-Slovenščina).

Овие бази ќе бидат секојдневно уредувани и дополнувани од Магнумсофт, а за техничко оддржување на речникот ќе се грижи компанијата Неотел.

http://recnik.365.com.mk

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ