Шупачки стандарди за шупачки народ (+18)

СПОДЕЛЕТЕ

Психијатри делувајте. Ја молам докторскава фела у државава да ни се обедини и под итно да делува пошо состојбава со народов наш напатен станува алармантна.

Забегаа луѓево со некои бедни ликови, те Бандинија, те Саваши те пичке материне….Додека државата ни пропаѓа у секое можно поле народов наш гледа турски, индијски серии, го слуша Синан за нова година, свршава на Шабан а пљука по Боки 13. А не контам зашто плукање по Боки? Затоа шо јавно кажа дека ова е најсељачка нација на светов? Па не е чоекот воопшто далеку од вистината. Боки е можеби имбецил но е најоригинелан од сите овие споменативе а башка бе и детето си има некој посебен интелект да си го вози филмот како него му е ќејф. Се облакал Боки ко жена, голем кур. Одма ми доаѓа на очи онаа слика кога магарици кои се мајки, тетки, снаи се облакаа ко Хуремици и чекаа да изберат која од нив најмногу личела на султанката. И да ги изберат и да не ги изберат од бедниот просек нема да излезат освен шо се облекле у турцка мантија. Да не бидам погрешно сватен, јас немам ништо против турската кулутура, историја туку имам против сето она што се инсталира во моево опшетство како стандарт а тој станува се понизок и се понизок. Некад нашите жени со аскер и заптии ги грабеа од чесните македонски куќи и ги носеа како робинки по сараите.

Џабе и македонска крвава свадба, џабе Цвета била толку морална женска. Она шо аскерот не успевал да го праи со сила Вучиќ го напраи со евтини сељачки фори. А на сето тоа како база и основа е сиот оној гоманрски шунд кој се продава по дел од ТВ станициве. Многу јасно и многу разбирливо зашто нашиве уметници живеат од тезги, одат по бродој да печалат и почнаа да трчаат полтронски по политичариве. Не ја бидуе бе луѓе. Вие не си ги сакате своите уметници. Вам Сашко ви е интерсен само на денот кога има избор на Златна бубамара. Кога за последен пат сте отишле у театар бе и да ги испоштувате своите актери, своите уметници? Ја избраа Хурем на годината…. Ја мислам дека сега е на ред да го избереме Роко Сифреди на годината… Нема да е ништо поперверзно и забегано од она синоќа…. Башка и генијалецот за забегани емисии ќе може да се изнагледа адекватен материјал аналогно на неговата војаерска нарав да зјапа по дупиња и цициња..

Станавме црна дупка на Балканот. Нешто поарно од Харис Џиновиќ и Џеј нема да дочекаме да ни дојде у државава. Ми се враќа филмот назат кога пред неколку години у Скопје се напуни цел стадион за онаа циганката Касандра и нејзинион фрлач со ножеви Ранду. На истото тоа Скопје му беше скупа картата за Јamiroquai,многу му се 500 денари да изгледаат врвен фудбалски натпревар, многу му биле да фрли 100-200 денари за театарска претстава и за саат ипол саглам смеење наместо пеглање гс и тупење виуги со евтини турски, индијски, шпански серии. Народецов наш си сака, си поштуе шунд и тоа шо сељаци ко Вучиќ товараат брда пари на тој шунд е доволен доказ за сето тоа. Во песните на некои наши Хип Хоп изведувачи се цензурираат некои зборови. Зборот пичка…педер….курва….дупење…свршавање и слично не смеат да идат у етер. Но целата останата перверзија и бљувотина може секако. ТВ шоу претстави во кои пропаднати психички створења и неморални курветини покажуваат голи дупиња у термин кога децата треба да си легнат и да изгледаат цртан филм врват. Наместо овие дрољиве со кои се потсмеваат и со кои штанцаат пари да ги испратат у некоја установа и да им понудат помош тие се дворски шутеви на овој народ. Лудаци прават претстави за лудаци. Лудаците се задоволни, лудаците ракоплескаат и ги полнат арените. Јебига, мене далек ќе ми е патот до Софија, до Белград да ги гледам Рамштајн, Металика, Депешмоуд и слични. Далек ќе ми е тој пат чунки арениве у нашава држава се зафатени со пропаднати и разнебитени створења.

Се што му е сервирано на овој народ лесно си изголта и се појќе ќе голта. После се прашуваме зашо толку лесно не возат? Е ќе не возат бе батиња и тоа како. Утре на плоштад споменик на Хурем да дигнат не ме чуди пола народ да оди и да се поклони на истиот.

Пред неколку години се прашував дали има нешто поотровно од турбо-фолкот кој се инсталира како музички правец? Одговорот го гледам деновиве. Сите колективно се удавија во нискиот шупачки стандарт. Мене ми преостанува да серам и понатаму на белиот лист хартија и да трпам критики дека сум безобразен пишувач и дека имам гнасен речник. И тоа е дел од оваа проклетија која не надјасала. Бар да се воочеше безобраштината и гнасотијата на правото место. Бар да ги отворевме очите и ушите и да видевме што тоа гледаме …што тоа слушаме…

By:  Приказни од булеварот

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ