Господо дали сте за шах!

СПОДЕЛЕТЕ

Уште од мал сакав да научам да играм шах гледајќи го тетин ми кој беше и сеуште е доктор за ова хоби или што и да е веќе, ама ете никогаш не научив да играм профи можеби затоа што немав живци и трпение ама па затоа за фудбал, кошарка и пинг понг станав ЗАКОН.

И никогаш не ми било покриво што не знам да играм шах сѐ до поседниве година две, ќе речеш зашто?

e70df326-e74c-4795-917e-c99b99f8f5afЕ па еве зашто, касно сфатив дека толку многу се грижат за нашиот креативен и ментален развој (нели шахот ги развија мозочните виуги) Скопскиот градски и општински татко, што плоштадов ни го претворија во шаховска табла, а споменициве така ги распоредија како шаховска партија со хендикеп од највисоко ниво.

Единствени што би извлекле едвај реми би биле Каспаров или Карпов само со посредство на покоен Ристо Ничевски.

Се прашувате зашто одвај реми, па затоа што имаме мал шаховски неспоразум, односно – има повеќе од дозволените фигури, а има само еден крал, нема кралици, има „коњи“ во огромен број, има лавови наместо ламфери, премногу пиони – воини, филозофи што би ја расипале шаховската партија и сѐ некои нови и чудни фигури кои не соодвестуваат со ниедна играна пр.:

-Гемиџии би го саботирале опонентот со динамит,

-Јустинијан би барал правда цело време и би ја успорил и онака спората игра,

-Мајка Тереза би се жалела на кралот да не се малтретираат фигурите и би се залагала за реми…

-Што бараат комити у шах, а нема ни еден топ, тенкист или партизан!?!?!?!
После па си викам да не случајно ова е некој нов тип на шах апгрејдуван верзија 4.02.1, со некои нови правила на игра и нови фигури што ние сеуште не ги разбираме.

Затоа прашав неколку искусни шахисти, кои ми рекоа дека поставеноста на фигурите била како индски напад со руска блокада!248px-Gruev,_spomenik_u_Skoplju

А ја па си мислам од Индискиов напад лошо се одбранивме,а рускава блокада стоела и ќе стои така да партијава е секако изгубена.

Плус ако додадам дека на нас скопјаните ич не ни се игра овој модерен шах, ние сме повеќе по класичниот кој е поедноставен и се игра у Жена парк…

Ама па ми олесна коа ми текна дека секогаш кога ќе заглавиме со модерниов шах, секогаш се тука вонредните фигури кои произволно се убацуваат во секоја партија, а тоа се фигурите на нашите уметници.

Тие се убацуваат по желба и истите може да ти запеат народно, забавно, да ти изрецитираат поезија, прочитаат проза, а некои со својот нежен тон прозборат на бугарски.

Ама се натажив ептен кога ми текна дека нашиов народ најдобро му паше Српска турбо фолк поезија, проза и литературно читање!

 

@bratot1

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ