100 работи кои ги научивме од филмовите

СПОДЕЛЕТЕ

1230019547.jpg Сите ние гледаме филмови. И сите ние, повеќе или помалку, сме научиле нешто од нив. На пример, дека шефот на полицијата секогаш е црнец:) Или дека сите телефони во Америка започнуваат со бројките 555. Ви прикажуваме 100 работи кои ги научивме од филмовите.

Сите ние гледаме филмови. И сите ние, повеќе или помалку, сме научиле нешто од нив. На пример, дека шефот на полицијата секогаш е црнец:) Или дека сите телефони во Америка започнуваат со бројките 555. Ви прикажуваме 100 работи кои ги научивме од филмовите.


Од филмовите научивме дека:

Ако навистина многу се трудите, можете да бидете побрзи од експлозијата.

eks.jpg

  – Ако експерт предвидел нешто и никој не верува во тоа, тоа ќе се случи. Ако предвидел нешто за кое сите веруваат, нема да се случи.
Жените кои се во опседнати куќи ги истражуваат необичните звуци само кога имаат малку облека на нив, или се во долна облека.
Во некоја природна катастрофа, кожата и косата на жените нема да биде оштетена, додека пак нивната облека ќе биде – освен парчињата потребни за минимална пристојност (кои се направени од неуништлив материјал)
Ако маж и жена се изложени на истите услови, мажот секогаш ќе треба да носи повеќе облека од жената.
Ако маж и жена се сретнат во услови во кои било кои двајца луѓе ќе се мразат, тие ќе се земат пред да заврши филмот.
Смртоносни рептили секогаш ќе ја нападнат жената прва, дури и да има 30 мажи наоколу.
Жените не умираат, освен ако ја соблечат својата маица или ако се грди.
Ако жената се бања, меурчињата ќе ги покријат интимните делови. Ако се тушира и се покажува гола, таа сигурно ќе умре.
Белците имаат најголема шанса за преживување.
Стриптизерките, ако имаат волја и ако дадената ситуација бара, можат веднаш да станат експерти во се: компјутери, автомобили, летање, итн.
Сите бомби имаат електронско одбројување и доволно голем екран за да може да се види точно кога ќе експлодираат.
–  Да се извлече кочницата на гранатата со заби е лесно.
Експлозив доволно моќен да разнесе огромна зграда ќе го собере во мала кутија или мала торба.
Секоја врата може да се отвори со кредитна картичка – освен ако е во зграда која гори и има заробено дете внатре.
Автомобилите кој се судруваат речиси секогаш ќе изгорат во пламен.
Милион долари или кокаин – тие секогаш го зафаќаат точниот простор во вашиот кофер.
Само жртвите се возат со јавен автобус.
Ако стандарната медицинска постапка не успее, најдобар начин за враќање во живот на некој кој му запрел срцето е да му викаш: „Неможеш да ми го направиш ова!!!! Те сакам, по ѓаволите!!!“
Шолја црно кафе или ладна вода во лице можат да отрезнат секого.
Шефот на полицијата секогаш е црнец!
Детективот може да го реши случајот само ако е суспендиран од него.
Полицијата секогаш ќе ви додели партнер кој е сосема спротивен од вас.
За време на сите полициски истраги потребно е да се влезе во стриптиз бар барем еднаш.
Акционите херои никогаш не се соочуваат со оптужби за убивање, оштета, па дури и за уништување на цели градови.
Ако треба да си го наполните пиштолот, секогаш ќе имате муниција со вас. Дури и ако претходно не сте ја носеле.
На некого можете да се заканите си пиштол само ако стоите многу близу до него, односно ако ви е на дофат на раката.
Ако некој со машинка и некој со пиштол се во престрелка, тој со пиштолот ќе победи.
Кога еден човек пука на 20 луѓе, тој има поголема шанса да ги убие отколку ако 20 луѓе пукаат на еден човек.
Пиштолите се потрошен материјал. Ако вашиот пиштол снема муниција, само фрлете го. Секогаш ќе можете да најдете еден кога ќе ви затреба следниот пат.
Дај му на човек еден пиштол и тој е Супермен. Дај му два и тој е Бог.
Никој никогаш не пука во нозете на чудовиштето кое ги брка. Сите пукаат во неговото торзо, што предизвикува тој да запре на некое време, додека куршумите не го совладаат и убијат.
Не е битно колку мртов е негативецот, тој сеуште може да стане барем 3 уште пати.
Чудовиштето секогаш може да ви дојде зад грб, без обзир колку големо или колку несмано е.
Скок од хотелски покрив е секогаш безбеден ако паднете во базен.
Повеќето лап-топи се доволно моќни за да го хакираат системот на вонземјаните кои не напаѓаат.
Сите писатели се богати, сите издавачки компании се гламурозни и сите артисти се издржуваат самите и имаат големи студиа.
Ако ве бркаат на улица, можете да се скриете во парадата по повод St. Patrick's Day, без разлика кое време од годината е. Ако не можете да најдете St. Patrick's Day парада, обидете се со Кинеска Нова Година и скријте се во змејот.
Ако безинска пупма и човек со машинка се појават во иста сцена, ќе има експлозија пред да заврши сцената.
Ако двајца партнери бркаат некого, а едниот е постар и заостанува зад колегата, ќе го стигне баш кога камерата нема да го прикажува тоа.
Секој може да призејми авион се додека има некој од контролната кула кој ќе кажува.
Системот за вентилација во било која зграда е совршено место за криење. Никој нема да ве побара таму, а и преку него можете да отидете до било кој друг дел на зградата без потешкотии.
Ниеден брод или база немаат повеќе од едно радио за итни случаеви.
Ако обидот за убивање на чудовиштето не ви успее, не смеете да го повторите истиот. Ниту пак да го усовршите. Морате отпоново да смислите сосема нов пристап.
Сите вонзмејани имаат само една култура: ист јазик, иста планета, иста облека, иста религија.
Добрите шахисти можат да ги предвидат следните 15 или 20 потези на противникот, иако на таблата сеуште има многу фигури.
Не е важно дали сте опколени со напаѓачи кои знаат боречки вештини – тие трпеливо ќе чекаат да ве нападнат еден по еден додека другите ќе танцуваат околу вас.
Најверојатно ќе ја преживеете секоја битка во секоја војна –  освен ако не ја покажете сликата од вашата љубов дома.
Ако сакате да прелажете германски офицер, не мора да знаете германски. И само со германски акцент ќе завршите работа.
Ајфеловата кула се гледа од секој прозорец во Париз.
Сите телефони во Америка започнуваат со бројките 555.
Мажот нема да покаже никаква болка во тепачка, колку и да тепаат, но ќе заплаче кога жена ќе се обиде да му ги исчисти раните.
Средновековните фармери имале совршени заби.
Соблекувањето до појас го прави мажот отпорен на куршуми.
Секоја личност која се буди од кошмар седи исправено и мирно.
Ако имате секс во шума, ќе умрете во шума.
Сите кревети имаат чаршафи во формата на буквата „L“, и ја покажуваат само раката на жената, но мажот се до појасот.
Дури и ако возите по совршено прав пат, потребно е бесно да го свртите воланот одвреме-навреме.
Ако со мечот ги исечете сите свеќи напола, за да го покажете својот талент, светлото во собата ќе си остане исто.
Мал удар на главата може да создаде амнезија, но нокаут неможе да го направи тоа, ниту пак да предизвика било какви оштетувања на мозокот.
Раните од куршуми нема да ве спречат се додека имате важна задача која сеуште не сте ја решиле.
Секој кој паѓа од високо место умирајќи, ќе викне викне доволно силно, иако е застрелан неколку пати во градите пред тоа.
Никој кој бил вклучен во брканива со коли, киднапирање, вулканска ерупција или вонземска инвазија нема да падне во шок.
Секој вирус создаден од владата нема познат лек.
Електрична ограда доволно моќна да убие диносаурус нема да направи никава штета на 8 годишно детенце.(сите се сеќаваме на „Jurassic Park“, нели?)
Кочниците не работат.
Еднаш ставен, карминот никогаш не се брише –  дури и ако нуркате.
Едно еднинствено чкорче е доволно за осветли соба голема колку фудбалски стадион.
  На Word операциите во компјутер никогаш не се покажува курсорот на маусот, а на компјутерот секогаш ќе пишува: Enter Password Now.
Ако на туѓ компјутер се обидете да ја пробиете шифрата, системот веднаш ќе ви даде аларми и нема да дозволи да се обидете уште еднаш.
Кога плаќате во такси, не гледајте во вашиот паричник кога вадите пари – само зграбете една банкнота и дадете ја. Секогаш ќе биде баш таа банкнота.
Не е потребно да кажете „Здраво“ или „Чао“ при телефонски разговор.
Телефонските секретарки никогаш немаат пораки од компании кои продаваат нешто.
Мајките секогаш готват јајца, сланина и прават крофни за доручек – иако нивните сопрузи и деца никогаш немаат време да го изедат тоа.
Поради својата работа, каква и да е таа, таткото ќе го заборави 8 годишниот роденден на својот син.
Наместо да трошат куршуми, негативците секогаш ќе се обидат го убијат херојот во стапица со ласери, смртоносни гасови или ќе го стават во базен со ајкули – и секогаш ќе бидат работи кои ќе му овозможат најмалку 20 минути за бегство.
Секој свештеник во филм е или многу добар или негативец. Калуѓерките никогаш не се негативци.
Сите ги знаат зборовите на секоја песна што ќе започнете да ја пеете и ќе пеат заедно со вас. Дури и ако никогаш пред тоа не ја чуле таа песна.
Ако решите да заиграте на сред улица, сите ќе ви се придружат и сите ќе ги знаат чекорите.
Секогаш можете да паркирате пред зградата која ја посетувате. Секогаш ќе има место.
Вестите секогаш кажуваат приказна која лично ве погодува и секогаш е баш во тој момент.
Кучињата секогаш знаат кој е лош а кој е добар.
Повеќетто кучиња се бесмртни.
Лари Кинг се игра самиот себеси.
Ако се покаже кадар со големо стакло/излог, некој набрзо ќе биде фрлен низ тоа.
Кога ја исклучувате ламбата за да си легнете, се што е во собата сеуште ќе биде јасно видливо, само малку пригушено.
Секогаш можете да најдете електрична пила кога ќе ви затреба.   
Ако сакате да демонтирате бомба, не му ја мислете многу која жица да ја пресечете. Секогаш ќе ја пресечете вистинската.
Сите жени кои се сами чуваат мачки.
Ако има психопатски убиец на слобода, секогаш ќе има голема бура и прекини на струјата.
Главните херои се супер луѓе –  никогаш не треба да одат во тоалет.
Скапите и преголеми апартмани во САД се достапни за секого, без разлика дали се вработени или не.
Од два идентични близнаци речиси секогаш едниот е лош.
Добрите и вредни полицајци секогаш умираат 3 дена пред пензија.
Секоја жена на која таткото/братот/сестрата/мајката ќе бидат убиени пред нејзините очи нема да биде истрауматизирана, и тоа нема да ја спречи да води љубов со херојот кој ја спасил.
Иако на крај на филмот изгледа дека херојот и женската ќе живеат среќно засекогаш, тој никогаш не го памети нејзиното име и не ни ја спомнува во продолженијата.
Во училиште, учителите секогаш ќе бидат прекинати насред зборување од училишното звоно.
Никогаш не демонтирајте бомба ако не е 1 секунда пред крајот.
Најдосадниот лик секогаш преживува.
Ако бегате од зомбиа кои одвај одат, тие секогаш ќе ве престигнат.

- Реклама -