Најдобрите стрипови на сите времиња!

Неговото постоење се поврзува со појавата на масовните медиуми. Иако на почетокот има улога на „додатна забавна рубрика“ во весниците, набрзо постанува „деветата уметност“.

Зборот стрип доаѓа од Comic Strip што буквално преведено значи комична трака.

Неговото постоење се поврзува со појавата на масовните медиуми. Иако на почетокот има улога на „додатна забавна рубрика“ во весниците, набрзо постанува „деветата уметност“.

Погледнете го списокот на најдобрите стрипови на сите времиња:

Алан Форд

Првиот број на Алан Форд во Италија се појавува во Мај 1969 година и продаден е во 22.000 примероци. Првобитното сценарио е креирано 1967 година и вклучувало шест главни карактери: Alan Ford, Conte Oliver, Bob Rock, Тhe Number One, Geremiah и Grunf…

naslovna

Диаболик

Диаболик се појавува 1962 година и представува лик во црн костим сличен на оној кој го носеше Фантом.
Типот е бунтовник и ѓавол само затоа што е имун на стереотипите на современото време.

eyes+diabolik

Дилан Дог

Тој е поранешен полицаец, а во моментов работи како приватен истражувач кој се занимава исклучиво со натприродните појави.
Автор на едниот од најпопуларните стрипови кај нас е Тициано Склави.

dylan1

Текс Вилер

Ова е италијански вестерн стрип. Инаку, Текс е креација на текстописецот Џан Луиџи Бонели и цртачот Аурелио Галепини.
Интересно е дека Галепини го нацртал Текс инспириран од американскиот филмски глумец Гари Купер.
Првиот број излегува во Италија во 1948 година под насловот „Мистериозен тотем“ (Il totem misterioso).

Untitled-1

Корто Малтезе

Корто Малтезе е креација на италијанскиот цртач на стрипови Хуго Прат. За многумина „скитникот со златно срце“, толерантен спрема послабите е прилично ќутлив капетан кој патувал во почетокот на 20тиот век. Корто Малтезе е роден во Валета на 10 Јули 1887 година, и е син на британскиот морнар од Корнвал и
циганската вештица од Гибралтар. Како мал сфатил дека има прекратка животна линија на дланката
па самиот си врежал подолга. Со тоа покажал дека самиот ја бира својата судбина.

home1

Командант Марк

Командантот Марк ја предводи единицата „Волкови од Онтарио“ во борбата против англиските црвени мундири. Автори ЕссеГессе.

Загор

Загор е класичен херој, човек кој мрзи неправда. Неговото право име е Патрик Вилдинг. Загор е белец и живее во измислената шума Дарквуд.

SfLSbJvocZ7nLfElizHt1ELvb3iJkvAF0f9k1WsGjvBsCBhD0OR8jC5KC--

Бетмен

Бетмен, маскираниот осветник од Готам Сити се бори против целото зло во овој повеќемилионски град. Градот е преполн со злобни луѓе кои секојдневно им прават проблеми на чесните граѓани.

Флеш Гордон

Флеш Гордон е уште еден во низата стрипови кои постигнале толкава слава што по него се снимаат и филмови, кои нормано дека никогаш не го достигнаа успехот на стрипот. Флеш се појавува во 1934, на страниците на еден њујоршки дневен весник.

X-Men

Еден од најпопуларните стрипови на Марвел е направен 1963 година, и е креација на Стен Ли. Станува збор за група суперхерои кои се родени со посебни мутантски моќи.

- Реклама -