Франкфурт 2015: Лесен ристајлинг за Volkswagen Golf Cabriolet

СПОДЕЛЕТЕ

Во средината на септември, за време на IAA салонот во Франкфурт 2015 ќе дебитира реновираниот модел без покрив од шестата генерација на Volkswagen Golf.

 

Како резултат на дотерувањето Volkswagen Golf Cabriolet доби нови браници, ознака на праговите, фелни со оригинален дизајн и дополнителни бои за каросеријата. Во внатрешноста се појави нов управувач, подобрен мултимедијален систем и поинакво „пакување“ на седиштата.

Што се однесува до моторизацијата, таа ќе одговара на еко нормите Евро6, а во комбинација се бензински агрегати со зафатнина од 1.2 (105 КЅ), 1.4 (125 КЅ) и 2,0 литри (220 КЅ), како и 2,0 дизел мотори со моќност од 110 и 150 „коњи“. Кај европските дилери Volkswagen Golf Cabriolet ќе дојде во ноември, со иста почетна цена од 25.000 евра.

 

- Реклама -