Моден фанатик на 60 години

Модата е нешто што се менува со текот на времето, но некои работи се вечни.

Земете го за пример возрасниот господин, кој неодамна го привлече вниманието на популарен берлински весник поради ексцентричниот изглед.

1 2

Додека некои извори неправилно информираа дека Гинтер има 104 години, самиот тој напиша на својот Фејсбук профил дека медиумите речиси ја удвоиле неговата возраст, со оглед на тоа што тој не ги крие и е горд на преживеаните 60 лета.

4 5

Факт е дека светот доби нова модна икона и неговиот стил може да им послужи за пример на оние кои црпат инспирација од модните блогери и примерите од светот на уличната мода.

6 7

„Сметам дека се облекувам прилично нормално – вели Гинтер. ‘Секогаш сум се облекувал на овој начин, без разлика дали ќе одам на работа или на прошетка. Сакам да му се радувам на својот изглед. Тоа е одраз на мојата природа“, додава тој.

8 9

- Реклама -