Повик за изгубен телефон

СПОДЕЛЕТЕ

Го изгубил телефонот во река, а потоа некој започнал да објавува фотографии на неговиот профил на „Фејсбук“.

Кога Нејтан Бахлер го испуштил својот телефон во реката Боу, не се ни потрудил да го побара, но телефонот „го побарал“ него.

Нејтан го загубил својот мобилен телефон на 2 август, а две седмици подоцна започнал да гледа фотографии на неговиот Фејсбук профил.

657531_telefon-03-foto-facebook_ff

Телефонот всушност го пронашла пожарникарска бригада, која одлучила да му даде име на уредот „Хектор Санчез“ и на тој начин да се пошегува со неговиот сопственик.

Пожарникарите се договориле да го информираат сопственикот на телефонот дека смартфонот е пронајден, и тоа, преку неговиот профил.

657532_telefon-04-foto-facebook_ff

Покрај фотографиите, ставиле и отворен повик до Нејтан да дојде по својот телефон, како што тој набрзо и направил, а при тоа не заборавил и да и се заблагодари на досетливата екипа.

657534_telefon-06-foto-facebook_ff

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ