Home УмниБус 22 години со чекан ја пробивал планината, поради љубов

22 години со чекан ја пробивал планината, поради љубов

0
22 години со чекан ја пробивал планината, поради љубов

Неверојатната приказна за Индиецот кој поминал 22 години пробивајќи масивен премин во планина, откако починала неговата сопруга, ќе биде адаптирана во Боливудски филм.

Дашрат Манјхи превземал на себе мамутска задача по смртта на неговата сопруга Фалгуни, која трагично загинала во 1959 година, затоа што не можела да добие итна медицинска помош по несреќата.

Патот до најблискиот град и болницата бил долг речиси 70 километри по планинските стази, па Манјхи сакал да се одигура дека неговите соселани, нема да ја доживеат истата судбина како и неговата сопруга.

Тој работел по цели денови и ноќи, со цел да пробие пат низ планината, користејќи само чекан и на тој начин да го скрати патот до болницата на само 15 километри. Индиецот пробил пат меѓу две масовни карпи.

Неговиот надчовечки напор траел до 1982 година, кога пролазот широк во некои делови и до девет метри и долг околу 100 метри, најпосле бил готов.

Иако му биле потребни 22 години за да ја заврши оваа импресивна задача, на локалните власти им биле потребни следните три децении за да го асфалтираат неговиот пат.

Познатиот боливудски актер Навазудин Сикуидим, кој ќе го толкува стариот човек во филмот, вели дека оваа приказна е прекрасна и едноставно неодолива.

„ Тој направил нешто што изгледало невозможно и неговата работа им помогна на илјадници луѓе“, раскажува актерот и додава дека најтешко ќе му биде да го пренесе на платното неговото лудило, затоа што неговата работа била импресивна.

Манјихи починал од рак во 2007 година и бил погребан со државна почест во градот Бихар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here