Дознајте повеќе за „заливот на коските“ во Охрид

Убавото Охридско езеро, во текот на целата година собира илјадници посетители од различни земји. Една од неговите историски знаменитости е Заливот на коските, во јужниот дел на езерото, крај кој се наоѓа и Музејот на вода.
Овој музеј, чија што територија опфаќа 8500 квадратни метри, ја открива вистината за праисториска населба која постоела меѓу 1200 и 700 година пред новата ера, поточно, во Железната и Бронзената доба. Музејот исклучително детално го опишува начинот на живот на праисториските претходници.

Во минатото, оваа населба се наоѓала токму на ова место, а денес се реставрирани неколку куќи кои се позиционирани на 5 метри над водата, поврзани со брегот преку мост. Според историчарите населбата што некогаш постоела тука, содржела околу 60 куќи. Стапнувајки на местото на кое живееле нашите предци, чувството е неверојатно. Самите куќи се изградени од кал и испреплетени гранки, на дрвени штици. Така се образува една голема површина, која изгледа како огромна тераса, на неколку метри над водата.

maxresdefault

Едно време, во секоја куќа имало дупка на подот и така рибарите можеле да пуштаат кофи во водата и да чекаат свежо фатена риба. Тогаш, рибата била главен метод за прехранување. Во секоја соба, пак, можете да најдете животински кожи, орудија, места за готвење, направени со автентичен изглед.

Чудното место во Охридското езеро со години е предмет на археолошки истражувања. Така се откриени многу животински коски, па поради тоа туристичката атракција е наречена Остров на коските, или Залив на коските.

До Музејот на водата се наоѓа и реконструирана римска воена тврдина.

- Реклама -