Колку пати може да се користи пешкирот пред да треба да се испере?

Пешкирите треба редовно да се перат – во спротивно создавате идеално место за размножување на бактериите.

Како што советуваат од Worldhealthyinfo, идеално, пешкирите би требало да се перат на секои 3 или 4 користења, но уште поважно е како го третирате откако ќе го употребите.

Препорачливо е, по употребата, пешкирот веднаш да го раширите и испружите на место каде што најбрзо и најтемелно ќе се исуши. Што подолго е влажен, толку подобра подлога претставува за развој на несаканите бактерии. Од истата причина, експертите советуваат пред капењето, по можност, да ја оставите вратата од купатилото отворена и да го вклучите вентилаторот, за да ја впие одвишната влага од бањата.

- Реклама -