Детето што го измисли сладоледот на стапче

Најдобрите изуми обично се пронајдени сосема случајно. Имајќи го тоа во предвид, не е изненадувачки што сладоледот на стапче, на пример, настанал среде зима, и тоа заради едно 11-годишно момче од Сан Франциско.

Пред многу зими, Френк Еперсон си играл со вода, ароматизиран прав и дрвено стапче за мешање. Кога престанал со играњето, преку целата (зимска ноќ), смесата останала надвор. Следното утро, кога 11-годишникот се разбудил, ја пронашол смрзнатата течност прицврстена на стапчето, налик на сладоледот што го познаваме денес.

Седумнаесет години подоцна (1922 год.), Еперсон за прв пат го послужил својот „пронајдок“ на една приватна забава, а во 1923-тата, за прв пат го претставил за „јавноста“, на една јавна плажа. Се разбира, среќниците што го пробале биле воодушевени, а идејата на Еперсон постигнала голем успех; до толку што веќе следната година, во 1924-тата, Марк решил да го патентира изумот и да започне со производство на различни видови на сладоледи на стапче.

Во 1925-тата Еперсон го продава својот патентиран изум на компанијата „Јо Lou“ од Њујорк, а сладоледот на стапче добива планетарна популарност.

- Реклама -