Нов тренд во светот на тетоважите

СПОДЕЛЕТЕ

Од најжешките плажи на Мајами и Хаваи, ова лето во мода доаѓаат металните тетоважи , чија што најважна предност е тоа што се привремени .

Со нив можете да и додадете на вашата кожа етно ѓердани, белегзии , натписи, дури и прстени и пирсинг, погодни за различни стилови и вкусови.

Металните тетоважи можат да издржат 3 -4 дена , а чинат околу 25 долари.

Овие „додатоци“ се нешто помеѓу боди пеинтинг и реална тетоважа во металик бои кои се секогаш модерни – златно , сребрено и бронзено .

Новите модерни цртежи се погодни и пожелни за сите – од 13-годишните тинејџери до богатите и познати личности како Сара Џесика Паркер .

Во продолжение, малку инспирација.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ