Дом во 13 квадрати

Кујна, спална и тоалет соодветно сместени во само 13 квадратни метри?

Полскиот дизајнер Шимон Ханчар (Szymon Hanczar) покажува дека е можно. Ограничениот простор е распределен функционално и истовремено е создадена домашна атмосфера.

Спалната соба е „спакувана“ на второ ниво , а под неа се наоѓаат кујната, бањата и тоалетот, додека остатокот од собата е стилизиран како мини дневна. Во малиот стан има место дури за велосипед.

„Исклучително малите станови се одлично решение за минималисти кои сакаат да уживаат во животот во градот “, смета дизајнерот.

А сега, да се прошетаме низ неговата урбано уредена и среќна 13-ка.

- Реклама -