Moда по секоја цена (18+)

Крваво видео со убиство на крокодили ја шокираше Џејн Биркин, по чие што име се крстени чантите на Hermès.

Чантите Birkin секогаш биле сметани за симбол на општествен статус. Сега модната икона и британска пејачка ја замолила компанијата да го укине нејзиното име од производите, поради условите во кои се одгледуваат и убиваат крокодилите, чија што кожа се користи за правење на чантите.

По истрагата на меѓународната организација PETA, Биркин изјави дека откако се запознала со жестоките начини на кои се убиваат крокодилите, за да се направат чантите на Hermès, ја замолила компанијата да го преименува нејзиното име, додека не се преземат мерки за усвојување на меѓународните норми. Биркин објави дека се приклучува кон петицијата на актерот Жоакин Феникс, да се исфрлат егзотичните кожи од гардероберите, во знак на протест против “милионите влекачи, убивани секоја година, за да се претворат во чевли, чанти, ремени и други додатоци”, пренесоа “Ројтерс”.

Биркин се согласува производите на Hermès да го носат нејзиното име, откако се запозна со поранешниот шеф на компанијата Жан-Луи Дима во 80-тите години на минатиот век.

c2

Како одговор, Hermès ја пушти следнава изјава во списанието People:

„Џејн Биркин ги изрази своите стравувања во врска со практиките при убивањето на крокодили. Нејзините коментари на никаков начин нема да влијаат на пријателството и довербата што сме ја споделувале сиве овие години. Од Hermès ги почитуваме и споделуваме нејзините чувства, а воедно и ние исто бевме шокирани при емитувањето на шокантните слики. “

Во фарма во Тексас, каде е направено видеото, во моментов се одвива проверка. Секое прекршување на правилата ќе биде корегирано и казнето.

Hermès прецизира дека оваа фарма не им припаѓа нив и дека испорачаните крокодилски кожи не се користат за производство на чантите Birkin .

c3

Чантите од крокодилска кожа важат за најскапите во модната индустрија, а која е жртвата за да се создадат истите, можете да видите во видеото подоле.

Предупредување: Видеото содржи крвави сцени и не се препорачува за луѓе со слаби нерви

- Реклама -