5 нешта што не ги знаете за аналниот секс (+18)

Помалку или повеќе, аналниот секс сé уште се третира како табу, па доста од информациите остануваат недоречени. Во продолжение ќе ја поправиме таа грешка:

 

САМИОТ ОДНОС Е НАЈМАЛКУ ПРАКТИКУВАН ВИД НА АНАЛЕН СЕКС
Постојат толку многу начини за сексуално уживање и стимулација на анусот. Најчестите техники вклучуваат допирање на аналниот отвор додека маструбирате или стимулирање на аналниот отвор на партнерката за време на сексот или оралното задоволување. Некои луѓе уживаат во допирите на аналниот отвор со прстите, додека другите преферираат користење на дилда и вибратори и стимулирање на областа помеѓу аналниот отвор и краткиот анален канал.
Со други зборови, потполната пенетрација не е задолжителна за уживање. Пример за тоа е орално-аналниот секс, познат како „rimming“, кој иако за многумина е одвратна идеја, за другите е синоним за уживање.

АНАЛНАТА СТИМУЛАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ОДНОСОТ НЕ Е БОЛНА АКО ТОА ГО ПРАВИТЕ ПРАВИЛНО
Верувањето дека аналната стимулација, а посебно аналниот однос, се болни е најчестиот мит. Како и во сите други делови на телото, каде болката индицира дека нешто не е во ред, така е и во аналната регија. Овде се наоѓаат голем број на нервни завршетоци и може да дојде до големи болки ако не се третира на правилен начин. Од друга страна, ако сте внимателни и правите сé како што треба, можете да доживеете огромно задоволство. Болката најчесто се јавува кога не чекате доволно долго за мускулите да се опуштат – затоа посветете доволно време на предиграта и дајте им шанса на аналните мускули да се опуштат.

ass2

АНАЛНИОТ ОТВОР ГО ОПКРУЖУВААТ ДВА МУСКУЛНИ ПРСТЕНИ
Се нарекуваат сфинктери, а секој од нив функционира независно. Ако пенетрирате со прстот на длабочина од околу 1.5 сантиметар и притиснете со прстот на страничните ѕидови во анусот, јасно ќе ги почувствувате двата сфинктера. Надворешниот е контролиран од централниот нервен систем и неговото опуштање/згрчување можете свесно да го контролирате кога и да сакате. Внатрешниот мускулен прстен, пак, е контролиран од неволните (автономни) делови на нервниот систем, кои ги регулираат функциите како што се отчукувањата на срцето и одговорот на стрес.

ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА ИГРА ВАЖНА УЛОГА ЗА АНАЛНОТО УЖИВАЊЕ
Редовната работа на цревата е главната функција на анусот и ректумот, па многу е важно вашата исхрана да се состои од доволно намирници богати со влакна. Редовната и нормалната столица е предуслов за да ги избегнете грчевите на мускулите и напорот. Дополнително, проблемите со варењето можат да го иритираат ткивото на анусот и да предизвикаат неудобност и тензија во мускулите. Затоа, јадете доволно овошје, зеленчук, целозрнести житарки и непреработени трици, кои се важен извор на влакна.

АНАЛНАТА СТИМУЛАЦИЈА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ОРГАЗАМ
Само мал број мажи и жени можат да доживеат оргазам преку аналниот секс, без директна генитална стимулација. Сеедно, при било кој вид на оргазам, најважно е да се опуштите и да им овозможите на своите фантазии да се преточат во реалност.

- Реклама -