Титаник во Турција

СПОДЕЛЕТЕ

Турскиот хотел Titanic Beach Lara е реплика на легендарниот брод Титаник.

Тој има 550 соби, три базени, турски бањи и палуба на која гостите можат да се фотографираат како Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет, па дури и да довикуваат “Јас сум кралот на светот!”

Покрај базенот може да се видaт и спасувачки чамци, како оние од филмот. Постојат и други хотели, посветени на темата „Титаник“, но кај овој самата зграда е со форма на бродот, што е навистина импресивно.

Капацитетот на хотелот е 1. 200 гости, што е помалку од оној на патниците на Титаник (3.547), но замислете ја само првата класа. Titanic Beach Lara се наоѓа во Анталија.

Еве неколку фотографии за оние кои би сакале да го посетат, и се разбира, можат да си го дозволат.

t2(72) t3(74) t4(75) t5(73) t6(69)

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ