Овој кажал, оној рекол

СПОДЕЛЕТЕ

За оние што пишуваат семинарски,‭ ‬дипломски,‭ ‬магистерски,‭ ‬но и љубовни писма,‭ ‬разгледници,‭ ‬графити,‭ ‬како и за сите што сакаат да употребат цитат на одредена тема за да му дадат тежина на своето дело или порака,‭ ‬на овој сајт ќе најдат еден куп мисли и извадоци од дела и говори на познати историски личности.‭

‬Една од подобрите карактеристики на сајтот е сортирањето на цитатите според неколку критериуми.‭ ‬За‭ ‬тие што точно знаат од кој автор им треба интелектуална позајмица,‭ ‬можат да го побараат во списокот на автори по азбучен ред,‭ ‬а оние што бараат цитати на одредена тема можат истото да го направат во листата на категории и области на кои се однесуваат цитатите.‭ ‬

Извадоците може да се пребаруваат и според клучни зборови,‭ ‬како и според националноста на цитираните автори.‭ ‬Сајтот нуди и сортирање според професијата на авторите,‭ ‬па ако сакате извадоци од областа на медицината,‭ ‬музиката,‭ ‬политиката и слично,‭ ‬а не ви е важно од кого се,‭ ‬ќе ги побарате во овој список.‭ ‬Како додаток,‭ ‬на почетната страна се наоѓаат и родендени на познати личности,‭ ‬како и можност директно да употребите цитати за вашата лична веб страница или блог преку копирање на Javascript кодот директно од овој сајт.

За оние што мислат дека со цитирањето на туѓи мисли фрлаат сенка врз својот личен авторски кредибилитет,‭ ‬еве еден цитат позајмен од овој сајт:

„Оние што не сакаат‭ ‬ништо‭ ‬да имитираат,‭ ‬ништо не прават‭“‬ – Салвадор Дали

Линк до сајтот – http://www.brainyquote.com/

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ