Чоколадно пиво? Веќе е факт

Ако има нешто што звучи поубаво од чоколадо или пиво, тоа е чоколадо и пиво. Со други зборови, чоколадно пиво. Не се работи за пиво со чоколаден вкус, туку пиво, направено од чоколадо, прецизира Huffington Post .

Истото се произведува од страна на браќата Рик и Мајкл, мајстори на чоколадото од Њујорк.

„Единствените состојки во чоколадното пиво се чоколадо, јаглерод диоксид и азот, кои ги создаваат газираноста и пената на пивото.

Ова пиво е газирано, што го прави идеално за сите. Можете да го зачините со адитиви за возрасни, на пример со виски или рум. Сајтот Delish.com го опишува вкусот како „малку оревкаст, многу богат и масленост, како и со топли нотки на прегорен шеќер”. Засега пивото е достапно само во фабриката во Бруклин, но браќата планираат во иднина да започнат и да го флашираат.

- Реклама -