Седумнаесет “E затоа не сте богати“

СПОДЕЛЕТЕ

Наполеон Хил бил американски новинар и писател кој живеел во периодот од 1883-тата до 1970-тата година. Тој е еден од првите автори во литературата кои се бавеле со денес модерната тема на личен успех. Хил цела своја кариера (повеќе од 20 години) „проучувал“ милионери кои самостојно го заработиле своето богатство, а на листата се наоѓаат повеќе од 500 такви успешни имиња. Во 1937-мата, Хил го објавува бестселерот „Think and Grow Rich“ од кој јасно се гледа дека Хил смета дека ја знае тајната на успехот.

Еве 17 примери кои се релевантни и денес, исто како и во раните 1900-ти.

НЕМАТЕ СТРОГО ОПРЕДЕЛЕНА ЦЕЛ
„Личноста која нема цврста цел кон која се стреми, нема ни да успее“, пишува Хил. Ако сакате да изградите богатство, почнете да ја визуелизирате крајната цел со одреден број. Формирајте финансиски план во кој ќе одредите каде точно сакате да заврши вашата работа.

НЕДОСТАТОК НА АМБИЦИЈА
Морате да сакате да сте над медиокритетот, за таму и да стигнете. Богатството не доаѓа само од себе, туку морате да работите за да појдете во негов правец, со полно трпение и упорност. За почеток, инвестирајте и гледајте како растат каматите.

НЕДОВОЛНО ГО КОРИСТИТЕ СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ
„Знаењето е само потенцијална моќ – нема да ви биде од помош и нема да ве збогати ако не е организирано и искористено во животот“, вели Хил. Затоа, не се предавајте туку секогаш учете нови нешта и „предизвикувајте“ го својот мозок.

НЕДОСТИГ ОД САМОДИСЦИПЛИНА
Според Хил, дисциплината доаѓа низ самоконтролата. Во превод, тоа значи дека “морате да ги контролирате сите негативни квалитети“. А пред да ги контролирате условите, морате да знаете како да се контролирате самите. Главното правило на богатењето е: „Повеќе штедете, помалку трошете“.

НЕ СЕ ГРИЖИТЕ ЗА СВОЕТО ТЕЛО
„Никој не може да ужива извонреден успех ако не е со добро здравје“, вели Хил. Не е ни чудно што многу од милионерите одделуваат време од распоредот на вежбање.

ОДОЛГОВЛЕКУВАТЕ
Одолговлекувањето е една од најчестите причини за неуспех. „Мнозинството поминуваат низ животот како губитници, чекајќи го вистинското време да почнат да прават нешто вредно. Не чекајте! Времето никога нема да биде вистинското. Почнете каде што стоите и работете со алатките со кои располагате, а подобрите ќе дојдат попат“, пишува Хил.

НЕДОСТАТОК ОД УПОРНОСТ
„Сите сме добри во започнување на некоја работа, но сме лоши при довршување на било што што ќе започнеме. Луѓето се склони кон откажување штом се соочат со првата препрека“. Хил советува да не застанувате додека не го добиете она што го сакате. И најуспешните се соочуваат со недостатоци и губитоци пред да се соочат со првата победа.

НЕГАТИВНОСТ
Успехот е недостижен за личноста која ги одбива другите со своите негативни мисли. Успехот доаѓа преку користењето на моќта, а моќта се добива преку „корпорациски труд“ на другите луѓе. „Негативната личност нема да може да поттикне корпорациско мислење“, пишува Хил.

НЕДОСТАТОК НА ОДЛУЧНОСТ
Анализирајќи преку стотина луѓе кои стекнале богатство, Хил открил дека секој од нив имал навика на брзо донесување на одлуки. Одлучноста не само што е ознака на богатите, туку е и една од најважните одлики на големите лидери.

ИЗБОР НА ПОГРЕШЕН СОПРУЖНИК
Еден од најважните фактори за неуспех е и погрешниот избор во однос на животниот сопатник. Ако не сте во складен брак, тој веројатно ќе пропадне, а вие на крајот ќе сте очајни и несреќни, па ќе останете без никаква трага од амбициозноста што е неопходно да ја поседувате.

НЕ РИЗИКУВАТЕ
„Личноста која не ризикува, општо гледано, мора да го земе она што останало откако сите други завршиле со пребирањето“, напоменува Хил. Претераната внимателност е подеднакво лоша како и невнимателноста, бидејќи ниту еден екстрем не е добар, а животот е преполн со шанси.

ВО ПОГРЕШНО ДРУШТВО СТЕ
„Треба да се внимава при изборот на работодавец кој би требало да делува инспиративно, да е интелигентен и успешен“, советува Хил. Овој концепт треба да се прошири и вон бирањето на шефот и колегите, бидејќи со талентирани и успешни луѓе треба да се опкружите и надвор од деловните кругови.

ОПСТАНОК НА РАБОТНОТО МЕСТО КОЕ ГО МРАЗИТЕ
„Никој не може долго да издржи работејќи работа што не ја сака. Најважното нешто во животот на возрасните е да пронајдат нешто што сакаат и да се фрлат на таа работа со отворено срце“, пишува Хил. Оставете ја работата која ве ужаснува, бидејќи тоа може повеќекратно да ви се исплати во иднина.

НЕДОВОЛНО ФОКУСИРАЊЕ (СТЕСНУВАЊЕ) НА СВОИТЕ МОЖНОСТИ
Личноста која делува како да е супер во сé, во суштина не е извонредна во ниту една работа. Подобро е да се фокусирате и сосредоточите на едно нешто во кое ќе се усовршите и ќе го докажете своето умеење.

НЕДОСТАТОК НА СТРАСТ
Без страст, лицето не може да ги увери дури ни другите во она што го прави. „Уште подобро, ентузијазмот е заразен, а личноста која го поседува (во контролирани услови) воглавно е добредојдена меѓу било која група луѓе“. Најбогатите луѓе нашироко ја користат својата страст и енергија за да ги инспирираат другите и да се придвижат нанапред.

ЗАТВОРЕНОСТ
Личноста која е затворена кон новите нешта тешко може да напредува. Имено, за сигурен успех, морате да сте подготвени константно да соработувате со другите, да смислувате нови идеи и да сте склони кон иновација. Најбогатите и најуспешните луѓе размислуваат поинаку од другите.

НЕДОСТАТОК НА ПРИСТОЈНОСТ И ЗНАЕЊЕ КАКО ДА СОРАБОТУВАТЕ СО ДРУГИТЕ
Кај повеќето, ова е поголема причина за губењето на позицијата и најголемата шанса, отколку сите претходни заедно. Градењето на царство подразбира одреден начин на комуникација со луѓето и шарм во еднаква мерка како и стратешкото размислување.

- Реклама -